Грција ги легализираше истополовите бракови, ќе им биде дозволено да посвојуваат и деца

Макфакс
/ 16.02.2024 / 08:50

Грција стана првата земја со мнозинско православно население што ги легализираше истополовите бракови.

Оваа одлука на грчките власти значи дека на истополовите парови сега ќе им биде дозволено да посвојуваат деца.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека новиот закон „храбро ќе се справи со сериозната нееднаквост“.

Како што пишува BBC, законот ја подели земјата, а жесток отпор води Грчката православна црква.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се залагаше за нацрт-законот, но му беше потребна поддршка од опозициските партии за да го соберат мнозинството во парламентот.

Она што беше дополнителен проблем е што пратениците од неговата владејачка централно-десничарска партија се спротивставија и на усвојувањето на Zаконот за легализација на истополовите бракови, пренесува медиумот.

„Луѓето кои беа невидливи конечно ќе бидат видливи околу нас, а со нив многу деца конечно ќе го најдат своето вистинско место“, рече Мицотакис во парламентот за време на дебатата.

На предлог-законот му беше потребно просто мнозинство за да помине во 300-члениот парламент.

Дваесет земји во Европа веќе ги легализираа истополовите бракови, но одлуката на Грција да им се придружи, според написите, е преседан, особено што таа е првата православна земја што го направи тој чекор.

Remote video URL
реклама

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Read more

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Read more

Илон Маск го запали интернетот: Програмирањето какво што го знаеме ќе исчезне до крајот на 2026-та

Read more
 

Ново

Авокадо за појадок, ручек или вечера: Кога е најкорисно?

Читај повеќе

Филипе Кутињо го напушта матичниот клуб откако навивачите го исвиркаа

Читај повеќе

Проверете се: Дали се обидувате да го превоспитате партнерот?

Читај повеќе

Шефот на Mistral AI: Вештачката интелигенција ќе замени половина од деловниот софтвер

Читај повеќе

Русите им нудат на Американците економско „Ел Дорадо“

Читај повеќе

Полнење електрични автомобили: Зошто 80% е подобро од 100%?

Читај повеќе

Веднаш ажурирајте го Google Chrome 

Читај повеќе

Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува

Читај повеќе

Сателитски снимки откриваат: Иран гради бетонски штитови на воени локации

Читај повеќе