Грдото лице на војната: Мариупол пред и по рускиот напад

Мариупол, некогаш просперитетен пристанишен град со околу 440.000 жители, е претворен во урнатини по разорните напади што траат веќе седум недели.

Илјадници беа убиени во опсадата, која започна кога руските сили почнаа да го опкружуваат градот на почетокот на март. Фотографиите сведочат за уништувањето на градот.

Мариупол беше нападнат со артилерија, ракети и проектили кои оштетија или уништија над 90% од градот. Тие, исто така, го исклучија пристапот до струја, греење, вода за пиење, храна и медицински материјали, со што се создаде хуманитарна катастрофа.

Театарот беше симбол на градот. Сега е уништен

Еден од најпознатите симболи на градот бил Драмскиот театар Мариупол. Плоштадот пред театарот беше место за средби и културни настани. Таму си играа деца, се организираа протести и концерти.

Театарот беше уништен во воздушен напад на руската војска во средината на март. Неколку стотици цивили потоа се засолниле во зградата, од кои многумина не ги преживеале нападите. Внатрешноста на зградата е целосно уништена.

Географски, Мариупол зазема само мала област, но им стои на патот на руските сили од полуостровот Крим. Освојувањето на градот ѝ овозможува на Русија да изгради копнен мост од Русија до Крим, што е голем стратешки и воен успех. Со Мариупол под нејзина контрола, Русија може да контролира повеќе од 80% од брегот на Црното Море на Украина. Ова ќе ја прекине украинската поморска трговија и дополнително ќе ја изолира од остатокот од светот.

Азовстал: Од најголемиот работодавач до последното упориште

Мариупол е најголемото пристаниште во Азовското Море и дом на голема железара и челичарница. Азовстал управува со една од најголемите железарници во Европа, лоцирана во Мариупол. Произведуваше главно производи од челик и железо и беше најважниот работодавач во регионот. На фотографијата подолу е прикажан патот што води до челичарницата и дел од фабричкиот комплекс. Снимена е пред војната.

Азовстал сега е последното упориште на украинските сили кои се кријат од руските проектили во подруми и подземни тунели и нудат отпор на руската армија. Областа на фабриката за челик е единствениот преостанат дел од градот кој не е под руска контрола.

Мариупол ги привлекуваше туристите со „топлото море“

Пред инвазијата, пристаништето Мариупол било место за одмор и прошетка, а градот привлекувал туристи со „најтоплата вода за капење“ во цела Украина. Мариупол е исто така клучен извозен центар на украинскиот челик, јаглен и пченка. Неговата загуба би била голем удар за она што остана од украинската економија. Вака изгледаше пристаништето пред нападот.

Два месеци по почетокот на руската агресивна војна, речиси и да нема бродови во пристаништето. Од градот побегна и голем дел од населението. Повеќето, соочени со постојани напади, побегнаа во други градови во Украина и западните земји. Некои луѓе наводно биле насилно одведени во Русија. Фотографијата подолу покажува како изгледала една од станбените области во Мариупол пред војната.

Во Мариупол имало бројни паркови кои служеле како места за релаксација и рекреација. На оваа фотографија е прикажан парк до градскиот театар, направен пред руската инвазија.

Претседателот Владимир Путин верува дека украинскиот брег на Црното Море припаѓа на нешто што се нарекува „Нова Русија“ - руски земји кои потекнуваат од империјата од 18 век. Путин сака да го оживее концептот за „спасување на Русите од тиранијата на прозападната влада во Киев“, како што тој гледа. Мариупол моментално стои на патот кон остварување на таа цел.

Мариупол пружи жесток отпор, но плати висока цена. Градот беше десеткуван, останаа само урнатини.

реклама

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе