Груби: Нов страшен рекорд - 535 новозаболени во 24 часа

Скопје, 15 октомври 2020 (МИА) – Денеска имаме вкупно тестирани 2.445, од кои новозаболени 535, шест се починати. Во Скопје се новозаболени 277, највисока бројка, скоро половина од сите други заболени, додека новооздравени имаме 168. За 190 повеќе заболени од вчерашниот ден. Нов страшен рекорд.

Ова се информациите што вечерва во 24 анализа ги објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

– Денеска и ДУИ и СДСМ, сите посебно пуштија соопштение до јавноста да ги повикаат и граѓаните малку посовесно да постапуваат по однос на пандемијата, да се придржуваат на мерките предвидени од страна на Министерството за здравство, Комисијата, Владата и избегнување на собири, посебно свадбите, славите, журките навечер, живите свирки навечер итн. Би поддржал мерка да се забранат ноќните журки, свадби, веселби, слави, собирања, рече Груби.

Според него, на владина седница не се разговарало за нова вонредна состојба и за нов полициски час.

Апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од COVID-19.

Дополнување*

Доцна попладнево Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.445 тестирања, а регистрирани се 535 нови случаи на COVID-19.

По градови, новите случаи се во:

-Скопје 277

-Куманово 17

-Дебар 7

-Штип 22

-Прилеп 26

-Тетово 18

-Струга 8

-Велес 10

-Битола 13

-Охрид 4

-Кавадарци 4

-Гостивар 5

-Гевгелија 24

-Струмица 30

-Крива Паланка 2

-Радовиш 6

-Кочани 12

-Пробиштип 3

-Демир Хисар 2

-Македонски Брод 1

-Валандово 5

-Виница 1

-Делчево 1

-Свети Николе 9

-Кичево 15

-Ресен 8

-Неготино 5

Во болнички услови починати се 6 лица, пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти од:

- Скопје 68

- Штип 4

- Прилеп 14

- Тетово 11

- Струга 4

- Велес 5

- Битола 10

- Охрид 2

- Кавадарци 2

- Гостивар 3

- Гевгелија 5

- Струмица 8

- Кочани 14

- Пробиштип 1

- Берово 5

- Виница 4

- Делчево 2

- Свети Николе 3

- Кичево 1

- Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на COVID-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.170, бројката на оздравени пациенти е 16.758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.597.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе