Губење титула на бугарски начин
Лудогорец многу веројатно повторно ќе биде шампион на соседна Бугарија. И тоа благодарение на дефанзивецот на софиска ЦСКА, Иван Турицов, кој промаши пенал за победа во, внимавајте, 12-тата минута од судиското надополнување против, повторно внимавајте, ЦСКА 1948 - клуб формиран од незадоволни навивачи на ЦСКА.
До крајот во најдобрата бугарска лига има уште едно коло, но тешко веројатно дека Лудогорец, која сега изби на опрвото место со 82 бода и бод пред ЦСКА, ќе киксне на гости кај далеку послабиот Черно Море. ЦСКА го игра големото дерби на гости со Левски и ќе треба да победи и да се надева на чудо во Варна. Овие натпревари се играат в среда.