Hertz и Shelby го претставија Ford Mustang со повеќе од 900 КС

Компаниите Shelby American и Hertz ги претставија тјунираните копии на Ford Mustang, од кои некои имаат повеќе од 900 КС и ќе се користат за изнајмување.

Првите автомобили ќе пристигнат на одредени локации на Hertz ова лето, а цените за изнајмување сѐ уште не се познати. Оваа објава се однесува на тригодишната соработка на споменатите компании.

Remote video URL

Mustang Shelby GT500-H fastback е придвижуван од тјуниран Predator 5,2-литарски турбо V8 мотор од GT500, кој развива повеќе од 900 КС. Тоа ќе биде и најмоќниот автомобил во понудата на Hertz.

GT500-H доби карбонска хауба со истакнати отвори и е полесен за 13,61 kg од фабричката верзија.

Златните линии низ каросеријата и по праговите им оддаваат почит на првите автомобили Hertz Shelby Mustang. Не треба да ги заборавиме алуминиумските бандажи со гуми со високи перформанси.

Внатре, поточно на контролната табла, има табличка со производниот број на моделот GT500-H, а кабината е украсена со логото на Hertz и Shelby American.

Shelby ќе произведе 25 модели GT500-H, а 19 ќе бидат обоени во Shadow Black црна боја, додека 6 ќе носат Oxford бела боја. Автомобилите ќе бидат достапни за изнајмување во Феникс, Лас Вегас, Форт Маерс, Мајами, Орландо и Тампа.

Послаба алтернатива ќе биде Mustang Shelby GT GT-H достапен како кабриолет и fastback, а ќе биде придвижуван од 5,0-литарски Coyote V8 мотор кој испорачува 450 КС, како и актуелниот Mustang GT. Сепак, моделите GT-H користат различна хауба во споредба со стандардниот Mustang GT со тоа што имаат отвори, различна предна решетка со крила од двете страни, како и редизајнирани задни светла. Исто така, овој модел доаѓа со издувен систем Borla и 20-инчни тркала со Michelin гуми.

GT-H ќе биде достапен во Rapid металик црвена и Oxford бела боја, Carbonized сива и Shadow црна, и сите ќе имаат две златни линии низ каросеријата. Изнајмувањето ќе биде достапно во Атланта, Далас, Лас Вегас, Лос Анџелес, Сан Диего, Сан Франциско, Мајами, Орландо и Тампа.

Тагови
реклама

Годишниот хороскоп за 2023 предупредува два хороскопски знаци

Read more

Се продава единственото Ferrari Enzo во фабричка мат црна боја

Read more

Злогласена руска единица пристигнува на украинскиот фронт

Read more

Брзо и вкусно: Колач со ореви и кафе

Read more

Концепти

Концепт кабриолетот Genesis X е магнет за погледи

Read more

Morgan ги претстави освежените модели Plus Four и Plus Six

Read more

Audi го претстави Q8 E-Tron, електричен SUV со 496 КС

Read more

Manhart го претстави тјунираниот BMW M3 Touring со 641 КС

Read more
 

Автомобили

Tesla повлекува повеќе од 80.000 возила

Читај повеќе
  • filter

Се продава единственото Ferrari Enzo во фабричка мат црна боја

Читај повеќе

На која осовина да го ставите подобриот пар гуми – напред или назад?

Читај повеќе

Дали би платиле претплата за вашиот Mercedes да забрзува побрзо од „обичните“?

Читај повеќе

Москвич се врати на производна лента по 20 години

Читај повеќе
  • filter

Прво повлекување возила за Lamborghini Countach

Читај повеќе

Volkswagen нема веќе да ѝ дише на Tesla во врат, го враќа Golf

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Abarth го претстави електричниот 500e: До „стотка“ за седум секунди

Читај повеќе

ЕУ воведе нови ознаки на автомобилските гуми

Читај повеќе