HMD го претстави Nokia X71 со камера од 48 мегапиксели

Компанијата HMD Global прави обиди да се позиционира подобро на светскиот пазар на смартфони, а новиот модел Nokia X71 се очекува дека ќе помогне кон искачување на самиот врв.

Смартфонот премиерно беше претставен во Тајван и тој се одликува со моќни перформанси, кои ќе му понудат на купувачот неверојатно корисничко искуство.

Nokia X71 доаѓа со процесор Snapdragon 660 и оперативен систем Android Pie, како и 6GB RAM кој ќе одговори дури и на вашите најголеми барања. Смартфонот има 128GB внатрешна меморија, која може да се прошири со microSD мемориска картичка.

На задната страна од уредот се наоѓа систем од три камери со Zeiss сертификат, од кои едната има леќа од 48 мегапиксели. Ултраквалитетните фотографии од камерата ќе се прикажуваат на LCD 6,39-инчниот екран со Full HD+, а смартфонот е напојуван од батерија со 3.500 mAh.

Се работи за солиден смартфон со средни спецификации кои доаѓаат од компанијата што сака да се натпреварува за преземање на главната улога во сегментот на телефони веднаш под флегшип компаниите за Android OS – Samsung и Huawei.

Оваа година камерата на Sony со 48 мегапиксели се покажа како многу популарно решение, бидејќи таа е евтина, а моќна. Покрај на Nokia X71, таа може да се најде и на Redmi Note 7, кој чини само 150 долари.

Сепак, HMD Global реши да не го продава овој телефон по толку ниска цена, па реши дека тој ќе се појави на пазарот по цена од 345 долари, а ќе има и верзија од 385 долари. Продажбата започнува на 30 април, а истиот смартфон на западниот пазар ќе се продава под името Nokia 8.1 Plus.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Мобилни

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more

HMD ги претстави Nokia мобилните 6310, 5310 и 230

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе