Hyundai Elevate, возило за секакви терени
На саемот CES 20219 Hyundai претстави мал концептуален прототип на теренско возило за спасувачки мисии. На прв поглед возилото делува како ровер наменет за Марс, но всушност е наменет за употреба на Земјата.
Станува збор за возило со футуристички изглед, кое може да ги совлада сите видови терени. Автомобилот може и да оди, благодарение на тркалата кои се издолжуваат.