Hyundai повторно го произведе концептот Pony Coupe од 70-тите

Уникатниот концептен автомобил од 70-тите години на минатиот век макотрпно е рекреиран по речиси 50 години, а тоа е концептот Pony Coupe на Hyundai.

Пред сѐ, треба да се каже дека ова не е баш првиот автомобил произведен од Hyundai, бидејќи компанијата соработуваше со Ford во 1967 година и склопуваше примероци од моделот Cortina во фабриката во Улсан во Јужна Кореја. Од друга страна, е првиот затоа што тоа е концептот кој го инспирираше првиот сериски автомобил на јужнокорејскиот гигант. Сè што може да се види денес, од i10, i20, i30, Santa Fe и Tucson до Ioniq, потекнува од малиот, скромен хечбек со две врати.

Уникатниот Pony Coupe Concept беше претставен на Саемот на автомобили во Торино во 1974 година, а сега Hyundai повторно го произведе „од нула“ според неговите точни спецификации од таа година. Исто така, користени се материјали од 1974 година, а помош пружил италијанскиот дизајнер Џорџето Џугаро, човекот кој првично го дизајнирал.

Концептот се одликува со „остар“ дизајн, силуета во облик на клин, чисти, сурови и сигурни линии и „отсечен заден третман“ во стилот на хечбек.

Слично е и внатре, каде што има пловечка табла со инструменти ориентирана кон возачот, а исто така има и волан со еден крак и соодветен ретро аналоген дисплеј.

Големината на автомобилот одговара на модерната Fiesta, но е нешто „потенок“ и понизок од моделот на Ford. Во основа, тоа е мал автомобил, придвижуван од 1,2-литарски 4-цилиндричен бензински мотор поставен напред, кој развива 81 КС и ја испраќа силата на предните тркала.

Pony беше претставен на изложбата Вила д'Есте и е дел од проектот за глобално наследство на Hyundai наречен Hyundai Reunion.

Тагови
реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Концепти

Hyundai повторно го произведе концептот Pony Coupe од 70-тите

Read more

Студенти направија автомобил што поминува преку 2.000 километри без полнење

Read more

Rimac Nevera собори 23 рекорди во еден ден

Read more

Alpine го претстави електричниот A290_β со централно возачко седиште

Read more
 

Автомобили

Tesla Model Y е најпродаван автомобил во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Читај повеќе

Загадувањето од гумите е голем проблем - која е алтернативата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Aston Martin го претставува DB12 – разочарување на повеќе полиња

Читај повеќе
  • filter

Bentley ги претстави моделите Bentayga и Continental GTC Huntsman Edition

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Легендарната BMW Серија 5 првпат и „на струја“

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Volkswagen ја најави премиерата на Touareg

Читај повеќе
  • play_arrow

Како роботите ќе ги пратат вулканизерите во предвремена пензија?

Читај повеќе

Како ќе функционираат „црните кутии“ кои од следната година ќе бидат поставени во новите автомобили?

Читај повеќе