УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

И Динамо се сопна во квалификациите за ЛШ

Хрватскиот шампион потклекна кај унгарски Ференцварош и ја заврши борбата за влез во групите од најеминентното светско клупско натпреварување.

Уште во 2. минута работите излегоа од контрола за Хрватите откако Герге Ловренчич погоди за рано водство на унгарскиот првак.

Во 23. минута надежта на Динамо се врати со несмасниот автогол на Мирто Узуни по едно нафрлување од корнер.

Сепак, истиот играч во 65. минута си ја поправи грешката, украде една топка на центарот и со брза контра ја затресе мрежата на Доминик Ливаковиќ.

Динамо до крајот не успеа по втор пат да израмни и по Црвена звезда уште еден екс-ју гигант се збогува со фазата по групи од Лигата на шампиони. Хрватите сега ќе се борат за влез во Лига Европа, додека Ференцварош оди во плеј-офот.

За хрватскиот тим цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој беше и капитен.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе