И келнери почнаа да се мајтапат со Гатузо
Џенаро Гатузо беше жртва на шега, но не ја покажа насилничката реакција каква што се очекуваше од него.
Во познат ресторан во Неапол тренерот на Наполи го чекаше своето кратко еспресо. Келнерот му го донесе и му ја направи класичната италијанска шега со истурање на кафето. Нормално, филџанот беше празен, а и Гатузо не реагираше како порано, на пример не му влезе на тренерот со клизачи. Или, пак, не се обиде да го истепа.