Ибраимова: Сите општини треба да потпишат изјава со Република Македонија

Советничката од Левица во Општина Штип ги повика сите останати општини да го следат нивниот пример и да ги потпишат свечените изјави користејќи го името согласно Уставот од 1991 година.

„Министерството за надворешни работи нема право да реагира и да се меша во работата на локалната самоуправа. А за тоа дека не им држат аргументите за наводно кршење на Уставот има повеќе причини, бидејќи самото насилно менување на името од почеток до крај беше силување и прекршување на Уставот“, вели Сенада Ибраимова, која како носител на листа влезе во Советот на Општина Штип од редовите на Левица.

„Законот за локална самоуправа не е сменет, односно таму во делот за давање на свечената изјава експлицитно стои Република Македонија, а документите кои ги изработува општинската служба мора да се базираат на овој Закон – така што нема ништо спорно во тоа што свечената изјава ја потпишавме со правилното име – Република Македонија како што стои во самиот Закон“, аргументира таа.

Покрај Штип, каде советниците на СДСМ одбија да ги потпишат изјавите со старото уставно име, во Општина Аеродром советниците од сите партии ставија потпис под името Република Мкаедонија. Ибраимова ги повика и останатите општини да го почитуваат Законот за локална самоуправа, кој не сменет според новото уставно име.

„Токму другите општини треба да ги променат изјавите, повикувајќи се на овој Закон, во спротивно работат противправно“, додаде.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more
 

Вести

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе