Наука

Индиски научници направија цигли за градби на Месечината

3. февруари 2020 - 15:04 | М.С.

Индија сериозно се приклучи на плановите за освојување на вселената. Научниците од оваа земја развија и материјал за кој тврдат дека е погоден за градење на објекти на природниот сателит на Земјата.

Индиските научници тврдат дека направија посебни цигли за градба на Месечината кои ќе овозможат градење на објекти на нашиот природен сателит кои во иднината ќе служат за најразличен тип на истражувања. 

Според неговите зборови, циглите се направени од материјал кој ја симулира површината на Месечината врз основа на нејзините примероци кои НАСА ги собра во текот на нејзината мисија, пишува RT.

Научниците од Индискиот институт за наука во соработка со колегите од Индиската организација за истражување на вселената произведоа, како што тврдат, цигли за вселената.

Овој изум, според пишувањето на тамошните медиуми, ќе овозможи да градaт објекти на Месечината, вклучувајќи и изградба на згради за кои треба да бидат употребени средства кои се пронајдени на површината на овој сателит.

Според зборовите на овие научници, циглите се направени од материјал кој го симулира земјиштето на Месечината, така што 99,6 проценти од материјалот одговара на карактеристиките на примероците кои НАСА ги собра во текот на мисијата Apollo.

Со овој изум, индиските научници се во чекор со светските сили.

Уште еден дел од индискиот амбициозен програм за истражување на вселената е мисијата Gaganyaan, во текот на која ќе испратат луѓе во вселената.

Мисијата е закажана за 2022 година, а веќе се испратени 4 члена од екипажот кои ќе бидат на тренинг во Русија.

Коментирај