Интер го претстави новото лого

Филип Здравески
/ 30.03.2021 / 15:03

По единаесетти пат во својата историја гигантот од Милано го промени своето лого следејќи ги трендовите на модерното доба.

Како што објасбуваат од клубот, новото лого ја зацврстува поврзаноста на клубот со градот Милано и ќе почне да се користи на дресовите од наредната сезона 2021/22.

Новото лого наликува на претходните и е направено задржувајќи ја оригиналноста на Џорџо Муџани кој во 1908 година го направил првото историско клупско лого. Сега повеќе до израз доаѓаат клупските бои на логото, црната и сината, а исцртани се само латиничните букви I и M, инцијалите на Интер и на Милано, додека исфрлени се F и C за фудбалски клуб.

Remote video URL

Првото лого во историјата на клубот се користело 20 години, од формирањето во 1908 до 1928. Било дело на уметникот Џорџо Муџани, локален жител на Милано и еден од основачите на клубот.

Второто лого доаѓа во 1928 откако поради политични притисок клубот го менува името во Амброзиана под покровителство на фашистичкиот режим на Бенито Мусолини.

Со крајот на Втората светска војна и падот на фашизмот клубот во 1945 година го враќа стариот дизајн, но со нов изглед.

Во 1963 додадена е жолтата боја, па логото повторно е променето.

Драстична промена се случува во 1979 кога се напушта дизајнот на Муџани, а на логото се наоѓа змија, историски симбол на градот.

Во 1989 година доаѓа промена по повод ѕвездичката која клубот ја додаде поради освоените 10 Скудета, иако десеттото е освоено уште од 1966.

Модерната ера во Интер почнува во 1999 со лого кое ќе трае до 2007.

Стилиризирано лого е воведено само една година пред стогодишнината.

Во 2008, само таа година по повод стотиот роденден, клубот дизајнираше посебно лого кое се користеше само во тој период.

Во 2014 во влегувањето на индонезискиот капитал дојде до нова промена и поедноставување на логото, лого кое ќе остане во употреба до крајот на тековнава сезона.

Новото лого во употреба од лето 2021:

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе