Интер му нуди излез на Санчез – под еден услов

Кога чилеанскиот напаѓач Алексис Санчез потпиша за Манчестер Јунајтед во јануари 2018 година, општите очекувања беа дека тој е алката која му фалеше на тимот за да се врати во борба за врвот на табелата. Нешто повеќе од година подоцна, Санчез е целосно исфрлен од ротацијата и бара излез од навидум безизлезната ситуација.

Манчестер Јунајтед во ланскиот зимски преоден рок беше очаен за нови засилувања, па реши да му даде на Алексис Санчез неделна плата од половина милион фунти, само за да го „извлече“ од Арсенал. Тоа се покажа како уште еден од лошите потези на раководството.

Бидејќи Чилеанецот не е стандарден дел од првиот состав на Манчестер Јунајтед, клубот ќе се обиде да го продаде уште ова лето, а интересот за него скоро и да не може да биде помал. Како најсериозен кандидат за неговиот потпис се споменува Интер, кој е подготвен да го потпише Санчез, доколку тој го исполни едниот поставен услов.

Интер веќе ги контактирале претставниците на Манчестер Јунајтед за да се договорат за трансфер на Алексис Санчез. Италијанскиот клуб бара од Санчез да ги намали барањата за плата повеќе од двојно, бидејќи тие и онака располагаат со многу ограничен буџет за плати. Агентот на Санчез наводно се консултирал со напаѓачот, кој и понатаму се двоуми дали е исплатливо превремено да го прекине договорот со Манчестер Јунајтед за поголема улога, но помала плата во Интер.

Покрај Санчез, тимот на Интер би можел да го засили и Антонио Валенсија (33), чиј договор истекува по крајот на оваа сезона. Сепак, тој претходно изјави дека преферира да потпише за тим од МЛС лигата, каде финансиските услови се далеку подобри отколку во Серија А.

реклама

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе