Инѕаги го намалува притисокот: Не сме фаворити за Скудетото, не сме ни најбогати во Италија

Иако неговиот Интер по 12 одиграни кола е на првата позиција на табелата во Серија А со два бода повеќе од второпласираниот Јувентус, тренерот на миланскиот тим, Симоне Инѕаги, сѐ уште не размислува за титулата.

Шефот на стручниот штаб на минатосезонските финалисти во Лигата на шампионите смета дека сѐ уште е рано за вакви прогнози и сака да ги ослободи играчите од дополнителен притисок.

„Не сакам да зборувам за тоа како сме фаворити за титулата. Серија А е квалитетно натпреварување, има многу натпревари кои треба да се одиграат до крајот и тоа што имаме два бода повеќе од најблискиот ривал не значи ништо. Сепак, единственото нешто што можам да им го ветам на нашите навивачи е дека ќе се бориме најдобро што можеме за да постигнеме што подобри резултати во домашното првенство, националниот куп и Лигата на шампионите“, изјави Инѕаги.

„Луѓето веруваат во нас поради начинот на кој играме, но мораме да бидеме искрени и да кажеме дека Интер не е најбогатиот тим во Италија. Ние не продаваме играчи за екстремно голема сума пари, дури и сега кога игравме во финалето на Лигата на шампионите“, рече Инзаги, па додаде:

„Од друга страна, имаме голема поддршка од навивачите, челниците на клубот се секогаш тука за тимот и играчите, така што ги имаме сите услови да работиме. Ќе се обидеме и ќе се бориме колку што можеме и ние ќе видиме за што ќе биде доволно“.

Интер синоќа со 2:0 го победи Фрозиноне на домашен терен и рутински ги освои планираните три бода. По репрезентативната пауза, понаредниот викенд следува вистинска битка за врвот на табелата бидејќи в недела на 26 ноември е Дерби д'Италија - мега пресметката Јувентус - Интер.

реклама

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе