Манекенката ужива во летото заедно со нејзината ќерка: мажите повеќе не ѝ се приоритет.
Руската манекенка Ирина Шајк летото го поминува на Ибица, одмарајќи се со нејзината ќерка Леа, која ја има од врската со актерот Бредли Купер.
После бурниот период кој сега е зад неа, Ирина се посвети на двегодишната ќерка Леа со која го поминува слободното време.
Ирина и Леа уживаат на Ибица. Летото го поминуваат на јахта на овој прекрасен шпански остров.
Ирина се грижи за нејзината ќерка, притоа покажувајќи ја совршената фигура.
Згодната манекенка изјавила дека бара нова љубов, но моментално е фокусирана на себе и на нејзината ќерка.