Иско се подготвува за сензационален трансфер од Реал во Барселона

Фудбалерот на Реал Мадрид, Иско (25), не е задоволен од статусот кој го има во тимот на европскиот првак и има намера по завршувањето на сезоната да замине во екипа каде ќе биде стандарден.

Иско, еден од најталентираните шпански играчи, во 2013 година за сума од 30 милиони евра од Малага пристигна во Реал, но не доби шанса во континуитет да настапува во стартниот тим.

Фудбалерот е разочаран, не сака да ја чека својата шанса кај Зинедин Зидан бидејќи знае дека нема да ја добие, во ситуација кога средниот ред со Каземиро, Крос и Модиќ делува речиси беспрекорно.

Поради тоа Иско решил да замине иако Реал му нуди да потпише нов договор. Според шпанските медиуми играчот не бил заинтересиран да го продолжи договор, според кој треба да му биде зголемена и платата.

„Иско сака да биде стандаден играч во тимот, зголемувањето на платата нема да го премисли“, пишува El Mundo Deportivo.

Истиот извор открива дека главен фаворит за неговиот потпис е најголемиот ривал на Реал, Барселона.

Доколку се остварат овие најави Иско ќе стане 13-от во историјата кој од Реал се преселил во Барселона.

Меѓутоа само тројца од овие 12 направиле директен трансфер од „Сантијаго Бернабеу“ на „Ноу Камп“: Лусиано Лизарага во далечната 1905 година, потоа Лусиен Милер во 1965 година и актуелниот тренер на Барселона Луис Енрике, пред 21 година.

Покрај Барселона, за Иско се интересираат и Јувентус, Челзи и Манчестер Јунајтед.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе