КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Испуштена победа во Рејкјавик

Филип Здравески
/ 05.09.2021 / 20:02

Македонската фудбалска репрезентација имаше водство од 2:0 на гостувањето кај Исланд и тоа до 78. минута, а потоа несфатлив пад по што домаќинот со два гола во нашата мрежа не ни дозволи да извојуваме победа.

Велковски и Алиоски по водечкиот гол; Фото: Петр Стојановски / ФФМ

За разлика од натпреварот со Ерменија во четвртокот, селекторот Милевски направи две замени: Милан Ристовски почна во нападот на местото од Адис Јаховиќ, а Стефан Спировски се најде во првите единаесет менувајќи го Александар Трајковски кој на својот роденден мораше да чека шанса од клупата.

Македонските фудбалери добро го почнаа натпреварот, од самиот старт заинтересирани за домашниот гол. Иако Исланд ја имаше првата шанса кога уште во првата минута Гудмундсон упати непрецизен удар, сепак домашните играчи во останатиот дел од првите 45 минути не создадоа сериозна шанса оставајќи го Димитриевски да се досадува помеѓу стативите.

Македонија беше далеку поконкретна во првото полувреме, нашите играчи технички беа далеку подобри од Исланѓаните иако за разлика од натпреварот со Ерменија, кога гостите воопшто не беа заинтересирани да напаѓаат, Исланд пробуваше да игра, но едноставно немаше капацитет да се носи со поставената тактика на селекторот Милевски.

Во 11. минута малку фалеше Муслиу да го отвори резултатот кога по еден корнер топката дојде него, но дури се намести за удар од петерецот Бјарнасон блокираше за корнер.

Токму по тој нов корнер Македонија го отвори резултатот. Алиоски нафрли на прва статива, а таму Велковски со глава успеа некако да ја протне топката низ разете на голманот Рунарсон и да ја затресе домашната мрежа.

Водечкиот гол уште повеќе ја подигна самодовербата кај македонските фудбалери, па остатокот од првите 45 минути ги минаа главно во противничката половина или комбинирајќи на средината, додека Исланд само безопасно се обиде неколку пати да организира напад. Дури ни двата исландски корнери не донесоја шанса за гол.

Потоа шанси за дуплирање на водството имаа и Алиоски и Костадинов, но нивните удари беа одбранети од Рунарсон. најдобрата шанса за втор гол ја пропушти Барди кој во судиското надополнување имаше чиста шанса да го предизвика Рунарсон, но Бјарнасон со лизгачки старт му влезе во шутот и блокираше.

Во вториот дел натпреварот продолжи во исто темпо. Уште во 54. минута Алиоски со соло продор зголеми на 0:2 гол со кој се чинеше дека Мкаедонија ќе ги освои трите бода.

Десет минути по тој втор гол Исланд конечно го погоди голот на Димитриевски и дури и постигна гол преку Арнасон со глава, но ВАР проверката покажа дека сепак голот бил од офсајд позиција, па резултатот остана непроменет.

Македонија се чинеше дека искусно ја контролира играта, но сè до еден слободен удар во 78. минута кога Гудмундсон од далечина упати удар кој иако одеше вон рамките на голот Димитриевски реши да интервенира, а на одбиената топка налета Бјарнасон и намали на 1:2.

Тој гол им влеа надеж на домаќините дека можат да избегнат пораз. Токму тоа и се случи. Но, прво во 82. минута нововлезениот Трајковски немаше среќа да постигне роденденски гол бидејќи неговиот удар заврши во стативата, а само две минути подоцна стигна израмнувањето. Мешаницата во нашиот шестнаесетник ја искористи Андри Гудјонсен, синот на легендарниот Ејдур Гудјонсен, и веднаш откако влезе во игра го постигна својот деби гол за репрезентацијата, израмнувајќи на 2:2.

Потоа веќе беше јасно дека сè е во игра, дека сега и Исланд може да дојде до победа. До крајот, заклучно со седумминутното судиско надополнување, нападите на двете страни наизменично се менуваа како на филсмка лента. Најдобрата шанса ја пропушти Чурлинов чиј удар со глава од самата гол-линија го изваде Бјарнасон.

Македонија испушти голема шанса да освои значајни три бода, а воедно и ја прекина лошата традиција на гостувањата кај Исланд каде сега од три натпревари никогаш не сме победиле.

Наредниот натпревар на Македонија е в среда, на празникот 8-ми Септември, кога во Скопје од 20:45 гостува Романија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе