Истражување вели дека фокусирањето на една цел дополнително ќе ве мотивира да вежбате

Ф.З.
/ 24.04.2022 / 10:50

Иако за многумина главната водечка мисла при одлучувањето да започнат со вежбање е фокусот на губење на тежината, истражувачите тврдат дека пренасочувањето на вниманието кон подобрување на вашето ментално и физичко здравје може да донесе подобри резултати.

Претходно годинава New York Times објави есеј од Шарлот Каулс за поимот „неутралност на телото“, кој Каулс го дефинира како „способност да се прифати и почитува вашето тело дури и ако не е она што би сакале да биде“.

Во време кога глобалниот вирус нѐ потсети дека физичкото здравје секако мора да биде поважно од грижата за изгледот, неутралноста на телото е термин за кој истражувачите веруваат дека носи посебни придобивки кога станува збор за вашето фитнес патување.

Телесната неутралност „ве поттикнува да го почитувате и прифатите своето тело поради неговите способности“ и „ви помага да ја видите поголемата слика за она што можете да го направите и постигнете“.

Истражувањата сугерираат дека ова е можно. Како што објави Каулс, една студија за психологија за вежбање од 2018 година покажа дека учесниците на кои им било наложено да се фокусираат на функцијата и силата на своето тело за време на краткиот групен фитнес час, рекле дека се чувствуваат позадоволни од активноста отколку групата што низ часот ја водело внимание фокусирано на изгледот.

Дополнително, оние од групата фокусирана на јачината на телото го опишаа часот со попозитивни зборови и изјавија дека имаат помал надзор на телото за време на часот.

Овие наоди се во согласност со истражувањето кое сугерира дека вежбањето може да го подобри расположението и задоволството на телото, но исто така сугерира дека тренингот кој е повеќе фокусиран на функции може да доведе до уште поголеми подобрувања.

Друга студија наведена од Каулс заклучи дека кога учесниците гледале на вежбањето како начин да ги олеснат нивните дневни приоритети, како што е користењето физичка активност како време кога можат да се поврзат со своите сакани, тие биле помотивирани отколку кога ја гледале активноста како помало непосредно средство за постигнување на целта, како што е губење на тежината.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Фит

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more
 

Магазин

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе