Ивана Јовановска утре ја промовира втората книга „Номадски затвори“

АЛЕКСАНДРА СПАСЕСКА
/ 04.10.2023 / 17:53

Книгата поезија „Номадски затвори“ од Ивана Јовановска утре, четврток, 5 октомври, ќе биде промовираана во кафе-книжарница „Буква“.

Промоцијата што ќе ја води Јулијана Величковска, а на која стихови ќе чита Андреј Ал-Асади, ќе почне во 20 часот.

Микаел Фогел за Ивана Јовановска ќе рече дека е „поетеса на уморот“.

„Таа е првиот нецвет што гледајќи ги цвеќињата во вазните, здогледала колку се уморни: ‘зелени вазни за надеж полни со уморни цветови’. Вазни за надеж, вели таа, со цветови уморни од нивната самопожртвуваност во служба на нашата надеж. (...)

Доказ за нејзината сила е што во нејзината поетика ‘на постојните залихи’ секогаш им додава ‘нова количина страв’. Тоа, драги читатели, е она што ни треба од поезијата. Бидејќи стравот, вознемиреноста, суровоста, чистиот трепет... се резервите. Залихите најважни за опстанок. Средствата за преживување“, вели Фогел.

Величковска, пак, за книгата „Номадски затвори“ (во издание на ПНВ Публикации) вели дека е „емотивна имплозија“.

„Поезија, небаре падната трепка што чека најнежниот здив на ветрот да ја однесе далеку, сосе трепетот. Пишувана во мигот на нишањето по најтенката можна линија помеѓу сонот и јавето, помеѓу животот и смртта, помеѓу љубовта и заборавот... онаму каде што најдалечните точки на земјата и најдолгиот пат до себе се среќаваат. Ова е книга за растењето, за созревањето, за себепронаоѓањето додека се огледуваме во другиот, додека се огледуваме во сите парченца скршени внатрешни огледала. Мноштво слоеви и виорни патеки до себе, до центарот, до ново јадрено соединување“,  пишува Величковска.

Што ѝ се случи на поетесата Ивана од „На ракавот на градот“ во 2021 до „Номадски затвори“? Ова беше и бурен период на полето на издаваштвото во Македонија, со густеж од новоиздадени книги, нови имиња на сцената, но и многу (нови) настани за промоција на домашната литература.

Последнава година и половина во суштина најмногу ги минав патувајќи и живеејќи надвор од земјава. Токму тоа беше природен поттик за да се пишува одново, меѓутоа и да се чита многу повеќе. Во таа смисла ненамерно бев дистанцирана од настаните на нашата книжевна сцена и фокусирана на она што го пишував додека живеев во Шпанија. Од излегувањето на првата збирка до сега, се зголеми сомнежот во она што го создавам, што ме тера повеќе да читам и теориски да ја истражувам литературата, но и се отворија многу убави можности. Би го издвоила учеството на интернационалниот книжевен фестивал ,,LeseLenz" во Германија каде бев претставена како членка и авторка на европската поетска платформа ,,Версополис". Се појави нов и свеж простор за соработки и креативност, кој секако ми годи. Кај нас пак, гледајќи однадвор, исто така книжевната сцена се разигра и тоа многу ме радува.

Колку сето тоа влијаеше на тебе како авторка? Како „Буква“ и настаните во ова прибежиште на уметниците во срцето на Скопје се вгради во мозаикот?

„Буква“ е моето безбедно место кое го сакам поради понудата на настани кои ги нуди, на кое сега одново му се враќам, кога сум повторно дома. Таму се родија и многу соработки, идеи и планови кои од оваа перспектива многу ми значат, ме натерале да читам, да слушам, да учам и да се развивам. Ми се допаѓа зашто е простор во кој секогаш активно се создава и се преиспитува.

Ивана Јовановска (1998, Скопје) студира на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ — Скопје. Авторка е на стихозбирката „На ракавот на градот“ (2021, ПНВ Публикации). Учествувала на ,,Поетска ноќ во Велестово”, на „Отскочна даска“ во рамки на Скопскиот поетски фестивал, на Струшките вечери на поезијата и на повеќе поетски читања во Скопје, како: „Астални проекции“, феминистичкиот фестивал „Прво па женско 6“, поетските читања во Социјалниот центар „Дуња“, како и на интернационалниот поетски фестивал „Лезеленц“ (LeseLenz) во Хаусах, Германија. Нејзини песни се застапени во „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски (2023, ПНВ Публикации) и во „Самодиви: панорама на македонската поезија пишувана од жени, од преродбата до денес“, приредена од Славе Ѓорѓо Димоски и Јулијана Величковска (2023, Поетска ноќ во Велестово).

Нејзините песни се често објавувани во периодиката, и преведени се на германски, на грчки и на англиски јазик. Член е на европската поетска платформа „Версополис“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Култура

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more

Oтворен конкурсот за ЕУ наградите за истражувачко новинарство

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе