James Webb ги помина клучните оптички тестови, фотографираше ѕвезда и илјадници галаксии

Астрономите конечно можат да здивнат бидејќи НАСА потврди дека вселенскиот телескоп James Webb ги поминал тестовите за проверка на неговите оптички перформанси по „финото фазирање“ и поправањето на грешките во усогласувањето извршени на 11 март.

Тимот задолжен за мисијата го порамни и го фокусираше телескопот на ѕвездата, а колку е чувствителна технологијата најдобро покажува фотографија од ѕвезда во чија позадина можат да се видат илјадници галаксии и покрај големата осветленост на ѕвездата во средината. Фотографијата е направена со заеднички труд на 18 хексагонални огледала.

НАСА очекува да го заврши усогласувањето на опсерваторијата со сите инструменти до почетокот на мај, а можеби и порано. После тоа, тимот ќе помине два месеци подготвувајќи инструменти за снимање и споделување практични фотографии и податоци од прва рака во текот на летото.

Remote video URL

Успешниот тест е доказ дека телескопот James Webb го преживеал своето долго патување, но и дека неговиот иновативен дизајн на сегментирано огледало работи според планираното. Ова е исклучително важно бидејќи развојот на телескопот чинеше 10 милијарди долари. Тој конечно се најде во вселената по серија одложувања и во време кога неговиот претходник Hubble има сè повеќе проблеми. Научниците сега можат да се фокусираат на тоа како ќе го користат новиот телескоп за да го проучат раниот универзум и други аспекти на вселената.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе