Јанева: За моите капацитети нека каже Зврлевски, тој ми беше шеф

Пратениците од владеачката партија продолжија со дискредитација на Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, а пратениците од опозицијата ја храбреа да продолжи со својата работа и бараа да каже со какви проблеми се соочува, а тоа се случуваше на продолжението на Комисијата за политички систем на кој се разгледува Извештајот од работата на ова Обвинителстото за последните шест месеци.

Додека Јанева одговараше пратениците од ВМРО-ДПМНЕ постојано дофрлаа, а Јанева ги слушаше прашањата на слушалки, најверојатно за да може подобро да се концентрира и постојано запишуваше.

Капацитетите на Јанева за да се справи со должноста која ѝ е доверена, кога ќе открие од каде лидерот на опозицијата, Зоран Заев ги добил прислушуваните материјали, беа дел од прашањата на пратенцитие на ВМРО-ДПМНЕ, а пратенците од СДСМ ја прашуваа со какви проблеми се сретнала до сега.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски ја праша Јанева дали во своето работно искуство водела случаи во кој имало органзииран криминал, изборни измами и големи случаи, предупредувајќи ја дека сега ќе се соочува со вакви преизвици.

„Внимателно го слушав господинот Милошоски исто како што го слушав во прислушуваните разговори. За моите капацитети нека каже мојот колега, Зврлевски, кој ми беше шеф“, рече Јанева додека Зврлевски седеше до нејзе, но тој не се одзва на нејзиниот повик.

Пратеникот, Димитар Стевананџија од ВМРО-ДПМНЕ ја праша Јанева кога СЈО ќе открие кој, како и зошто прислушувал и од каде му се материјалите на Заев. Јанева апелираше судот што побрзо да го закаже рочиштето за „Пуч“ за да се открие кој и зошто прислушувал во Македонија во периодот од 2008 до 2015 година.

„За да се открие кој, како и зошто прислушувал, треба да почне случајот ‘Пуч’, бидејќи тоа е наш приоритет. Минатото рочиште се одложи само затоа што не беше присутен еден поротник, иако за вакви случаи треба да има замена. Јас го молам судот да го закаже рочиштето на 1-ви октомври и да не одолговлекува за месец ипол, бидејќи тоа е неразумен временски период“, рече Јанева.

Пратеникот на СДСМ, Љубомир Јосифовски, пак, застана во одбрана на Јанева и рече дека не е додјена да биде оратор, и побара Јанева да каже со какви проблеми се соочува во нејзината работа.

Таа уште еднаш го спомена нивниот приоритет, да се открие кој прислушувал.

„И јас сум разочарана од нашата работа која оди многу бавно. Ни требаше една година да се преселиме во нашите простории. Имавме пречи од судот за случајпот „Пуч“. Две недели ги скениравме и ги фотокопиравме доказите од ‘Пуч’“, рече Јанева.

Според пратеникот од НСДП, Горан Мисовски СЈО е единствената институција која не може да ја контролира поранешниот премиер Никола Груевски и му забележа на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, заради тоа што не повел ниедна постапка по објавувањето на прислушуваните разговори.

Расправата во Собранието за Извештајот трае два дена, а во понеделник се очекува Извештајот да се разгледува на Пленарната седница.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе