Никола Јокиќ поради две технички грешки беше исклучен во првото полувреме од натпреварот помеѓу Денвер Нагетс и Детроит Пистонс.

Јокиќ беше револтиран од судењето затоа што во неколку наврати против него не беа досудени чисти фаули, а кога му дојде преку глава му рече на едниот судија да од*би.
Судиите не го толерираа ваквото однесување на најдобриот играч на НБА шампионот и го исклучија од игра.
Пред Јокиќ веќе во првата четвртина беше исклучен неговиот тренер Мајкл Мелоун, исто така поради две технички по приговорите на судењето на штета на Јокиќ.
Денвер успеа да слави и без Јокиќ со 107:103, а Србинот натпреварот го заврши со 9 поени и по 5 скока и асистенции.
Најефикасен на паркетот беше Канингем од Детроит со 27 поени и 9 асистенции, а следуваа Реџи Џексон со 21 поен и Кентавиус Колдвел-Поуп со 20. Дабл-дабл учинок имаа Мајкл Портер од Денвер со 14 поени и 11 скокови и Стјуарт од Детроит со 11 поени и исто толку скокови.
Резултати:
Шарлот Хорнетс - Бостон Селтикс 121:118 прод.
Детроит Пистонс - Денвер Нагетс 103:107
Вашингтон Визардс - Милвоки Бакс 129:142
Чикаго Булс - Мајами Хит 100:118
Минесота Тимбервулвс - Њујорк Никс 117:100
Њу Орлеанс Пеликанс - Сакраменто Кингс 129:93
Сан Антонио Спарс - Лос Анџелес Клиперс 99:124
Голден Стејт Вориорс - Хјустон Рокитс 121:116
Табела: