Кошаркарите на Мајами Хит изедначија на 1-1 во финалната плеј-оф серија против Денвер Нагетс, победувајќи со 111:108 на гостински терен.
Денвер беше фаворит и во вториот дуел, но само Никола Јокиќ си ја заврши работата.
Српскиот центар натпреварот го заврши со дури 41 поен, 11 скока и 4 асистенции, но ниту тоа не беше доволно за Денвер да победи.
На спротивната страна, играчите на Мајами беа одлично расположени, а тројца од нив постигнаа повеќе од 20 поени. Гејб Винсент беше најефикасен со 23 поени, а Џими Батлер и Бам Адебајо додадоа по 21.
Финалната серија сега се сели во „Касеја Сентр“ арената во Мајами каде на 7 и 9 јуни ќе се играат третиот и четвртиот натпревар. Првиот е веќе в четврток рано утрината во 2:30 часот по македонско време.