НБА 2023/2024

Јокиќ стоеше 5 секунди, сите се чудеа зошто, а всушност е генијално

Итриот Никола Јокиќ повторно ги надмудри противниците.

Српскиот центар ноќеска одигра фантастичен натпревар за Денвер Нагетс предводејќи го својот тим до победа против Портланд Треил Блејзерс од 112:103, покажувајќи ја уште еднаш својата генијалност. Колку Јокиќ е целосно сконцентриран и фокусиран на играта, видовме неодамна на мечот против Милвоки, кога го пријави Јанис Адетокунбо кај судиите, а уште една потврда за тоа имавме на средбата со Трејл Блејзерс.

За што се работи? Денвер не сакаше да троши премногу енергија во дуелот со една од најслабите тимови на Западот, Јокиќ виде дека енергијата на неговиот тим не е на соодветно ниво, па сакаше да забави и да ја украде секоја секунда од играта во последните пет минути. И тоа буквално секоја секунда...

Така, на уфрлувањето на топката во игра по поенот за Портланд чекаше точно 5 секунди за да изведе, додека гледаше во судијката која одбројуваше. Јокиќ го дочека последниот момент и му ја додаде топката на својот соиграч, а со тоа истепа време. Секунда по секунда, знае да биде повеќе од важно на самиот крај од натпреварот, што е само уште еден доказ колку на Јокиќ најважна му е победата во кошарката, а не личната статистика.

URL

Да потсетиме, Јокиќ натпреварот го заврши со 29 поени (шут од поле 12/20), а имаше и 8 скока, 7 асистенции и 2 украдени топки. Но, ваквите генијални потези, кои на крајот можат да бидат одлучувачки, не влегуваат во статистиката...

Remote video URL

Тимот со најдобар скор сезонава, Бостон Селтикс, го торпедираше Мемфис Гризлис со дури 40 поени разлика, победувајќи со 131:91. Џејсон Тејтум уфрли 34 поени, Кристапс Порзињѓис додаде 26, а двоцифрени беа и Дерик Вајт со 15 и Ал Хорфорд со 11, но вкупно 13 кошаркари влегоа во поен статистиката со тоа што само Канаѓанецот Далано Бентон не постигна поен, а тој мина и најмалку времне на паркетот - речиси 7 минути.

Remote video URL

Резултати:

Детроит Пистонс - Орландо Меџик 99:111
Бостон Селтикс - Мемфис Гризлис 131:91
Шарлот Хорнетс - Индијана Пејсерс 99:115
Мајами Хит - Лос Анџелес Клиперс 95:103
Оклахома Сити Тандер - Торонто Репторс 135:127
Јута Џез - Милвоки Бакс 123:108
Денвер Нагетс - Портланд Треил Блејзерс 112:103

Табела:

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе