ЈСП: Бруцошите имаат право на бесплатен превоз

Во пресрет на почетокот на академската 2023/2024 година ЈСП потсетува дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (прв циклус), без ограничување на возраста.

Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП „Скопје“, со лично присуство на студентот.

Потребни документи: потврда за редовен студент (не постара од еден месец); оригинал индекс и лична карта на увид; 200 денари (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“.

Како што информира ЈСП, на бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 година).

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа. За дополнителни информации, студентите може да се обратат на 02/3171-881, во одделението за продажба при ЈСП „Скопје“, како и на Facebook страницата на претпријатието facebook.com/jspskopjee.

„Потсетуваме дека единствено ‘Скопска’ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење јавен превоз од страна на студентите што ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично“, додаваат од ЈСП.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе