Jубилеј: 50 години Вудсток

Њујорк, 13 август 2019 (МИА) –  На денешен ден пред 50 години кај гратчето Бетел во американската сојузна држава Њујорк беше отворен рок-фестивалот Вудсток, што траеше три дена, а обележа цела една генерација во САД.

Фестивалот се одржа во август, 1969 година кога американското општество беше поделено поради војната во Виетнам. По учеството во успешната организација на Поп-фестивалот во Мајами, кон крајот на 1968 година, младиот менаџер Мајкл Ланг, заедно со тројца свои соработници – Џон Робертс, Џоел Розенман и Арти Корнфилд, се нафатија да направат нешто поинакво коешто ќе биде гласен протест против војната меѓу САД и Виетнам.

Вудсток бил повеќе од успешен. На фестивалот се очекувало да дојдат 50.000 посетители, но присуствувале над 400.000 луѓе, што и го направи овој настан така легендарен. Многу познати имиња настапиле на фестивалот.

Организаторите најавија јубилејно второ издание што требаше да се одржи неделава, но како што самите истакнаа – поради „непредвидени пречки“, тоа беше откажано.

Голем број од ѕвездите на првиот Вудсток се починати, меѓу кои Џенис Џоплин и Џими Хендрикс, но беше предвидено на јубилејот да учествуваат Џоан Баез и групата The Who, коишто и пред 50 години имаа настап.

Свој настап имаа и Берт Самер, Џон Себастијан, Тим Хардин, Сантана, Џо Кокер, Џони Мичел, Џони Винтер и многу други.

Една година по фестивалот, во 1970., премиера имаше документарецот посветен на фестивалот. Режисерите Мајкл Вадли, Мартин Скорсезе и монтажерката Телма Шунмејкер добија и оскар за најдобар документарен филм.

реклама

Морничави остатоци од напуштени хотели низ Југославија

Read more

Пет знаци кои откриваат дека некој е на стероиди

Read more

Безбедност на велосипедистите: Кога во Скопје ќе се вози со 30 км/ч?

Read more

Објавени првите подетални вести за состојбата на Михаел Шумахер

Read more

Музика

Синот на Боб Марли одржа онлајн концерт во чест на својот татко

Read more

Дуа Липа објави нов спот за „Hallucinate“

Read more
Нора Џонс со нов сингл го најави новиот албум

Нора Џонс со нов сингл го најави новиот албум

Read more
Виетнам со хит песна се бори против корона вирусот

Виетнам со хит песна се бори против корона вирусот

Read more

Видео

  • play_arrow

Трки од соништата - што сѐ можат „ѕверките“ на McLaren?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како апокалипсите му го поплочија патот на човештвото?

Читај повеќе
  • play_arrow

Безбедносни мерки при лет кои авиокомпаниите не ни ги кажуваат

Читај повеќе
  • play_arrow

Најсмешната фејл компилација од неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Неодоливо бањање

Читај повеќе
  • play_arrow

Лансирање и слетување на SpaceX снимено од вградена камера

Читај повеќе
  • play_arrow

Робот детектира и предупредува кој не носи маска

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација: Сите ќе раскинете

Читај повеќе
  • play_arrow

Како ние им помагаме на роботите да комуницираат со нас?

Читај повеќе