„Justice League“ доби искрен трејлер
Во екот на популарноста на филмовите со суперхерои, DC излезе со свој одговор на многу успешниот „The Avengers“ на нивниот најголем ривал, Marvel. Но, ниту еден филм не е заштитен од искрените критики на публиката, па така ни овој.
Секогаш забавната екипа на YouTube каналот Screen Junkies подготви искрен трејлер за филмот „Justice League“, каде на хумористичен начин ги истакнува сите слабости на истиот.