Јуве скрши традиција: Прв пат во историјата назначи странец за капитен

Кајгана/Макфакс
/ 06.09.2023 / 10:09

Нов капитен на тимот на Јувентус е Бразилецот Данилу, кој со тоа стана првиот странски играч кој ја добива оваа чест.

Последен капитен на Јувентус роден надвор од Италија беше Аргентинецот Омар Сивори, а пред него само Луис Монти. Но, честа за Данилу е многу поголема бидејќи тој е всушност странец во вистинска смисла на зборот бидејќи Сивори и Монти всушност биле Аргентици со италијанско потекло кои во периодот кога биле капитени на Јувентус настапувале за репрезентацијата на Италија, поради што не може да се рачунаат за странци.

Монти бил дете на италијански имигранти во Аргентина, двајцата родени во Италија, поточно во историскиот регион Ромања (денес дел од покраината Емилија-Ромања). Кога дошол во Јуве во 1930 година веќе имал италијанско државјанство. Во Јуве играл до 1939 година. Бил репрезентативец на Аргентина од 1924 до 1931 (16 натпревари, 5 голови), а потоа на Италија од 1932 до 1936 (18 натпревари, 1 гол). Со Италија дури и станал светски шампион освојувајќи го Мундијалот 1934. Тој е единствениот фудбалер во историјата што играл мундијалско финале за две различни репрезентации: 1930 за Аргентина (пораз 4:2 од Уругвај) и 1934 за Италија (победа 2:1 над Чехословачка). Капитен на Јуве станал во 1935 година.

Сивори бил дете на аргентински Италијанци. Од таткова страна потекнувал од Лигурија, додека од мајчина од Абруцо. За Аргентина игра кратко, од 1956 до 1957 година (19 натпревари, 9 голови) кога Аргентинската фудбалска асоцијација го избркала од репрезентацијата затоа што се преселил во Јуве, каде останал до 1965 година. За Италија играл исто така кратко, 1961-1962 (9 натпревари, 8 голови). Капитен на Јуве станал во 1963 година.

Remote video URL

Од заминувањето на легендарниот Леонардо Бонучи, капитенската лента остана без постојан сопственик. Нетипично за Јуве и неговата историја, лентата замина кај странец. Данилу ја носеше лентата на почетокот на сезоната и така ќе продолжи и во иднина.

Тој, значи, ќе биде првиот меѓу еднаквите, а воедно стана и првиот странец по што ја носи капитенската лента, со оглед на претходните двајца „странци“ биле Италиајнци од Аргентина. Данилу Луис да Силва нема италијански корени, а е репрезентативец на Бразил (51 натпревар, 1 гол).

Шест децении лентата се пренесуваше од рака на рака исклучиво од италијански играчи играчи. Во последните две децении го носеа живите легенди на клубот и италијанскиот фудбал: Леонардо Бонучи, Џорџо Кјелини, Џанлуиџи Буфон, Алесандро Дел Пјеро, пред нив Антонио Конте, Џанлука Виали, Роберто Баџо итн.

Данилу сега е во таа група на великани.

Бразилецот е во клубот од 2019 година и според сѐ што покажа досега, како на теренот, така и во соблекувалната и надвор од теренот, заслужи повеќе од кој било да ја носи лентата на „Старата дама“.

Сите досегашни капитени на Јувентус:

1922–1929 Карло Бигато
1929–1935 Вирџинио Розета
1935–1938 Луис Монти
1938–1942 Марио Варљен
1942–1949 Пјетро Рава
1949–1954 Карло Парола
1954–1961 Џампјеро Бониперти
1961–1963 Флавио Емоли
1963–1965 Омар Сивори
1965–1970 Ернесто Кастано
1970–1974 Сандро Салваторе
1974–1976 Пјетро Анастази
1976–1984 Џузепе Фурино
1984–1988 Гаетано Ширеа
1988–1989 Антонио Кабрини
1989–1990 Серџо Брио
1990–1992 Стефано Такони
1992–1995 Роберто Баџо
1995–1996 Џанлука Виали
1996–2001 Антонио Конте
2001–2012 Алесандро Дел Пјеро
2012–2018 Џанлуиџи Буфон
2018–2022 Џорџо Кјелини
2022–2023 Леонардо Бонучи
2023– Данилу

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе