КОПА ИТАЛИЈА 2019/20

Јувентус, Милан и Фиорентина обезбедија четвртфинале

Фиорентина имаше најтешка задача елиминирајќи го минатогодишниот финалист Аталанта, додека Милан и Јувентус немаа проблеми со СПАЛ и Удинезе.

Откако лани загуби од Лацио во финалето, екипата на Аталанта сепак и оваа година ќе почека за трофејот кој го брка од далечната 1963 кога прв и единствен пат го освои.

На „Артемио Франки“ во Фиренца славеше домашната Фиоирентина победувајќи со 2:1 и изборувајќи дуел со Интер во четвртфиналето. Новото засилување Патрик Кутроне уште во 11-тата минута го отвори резултатот, но „Деа“ израмни во 67-мата преку Јосип Иличиќ. Ерупција на стадионот предизвика голот на Пол Лирола на шест минути до крајот.

Милан беше убедлив против СПАЛ славејќи лесна победа од 3:0. Кжиштоф Пјонтек во 20-тата, Сами Кастиљехо во 44-тата и Тео Ернандес во 66-тата стрелаа во мрежата на Етрит Бериша.

Вечерта со стил ја затвори Јувентус кој немаше ни најмал проблем со Удинезе за кој 90 минути во нападот одигра нашиот Илија Несторовски. Гонсало Игуаин го отвори резултатот во 16-тата минута, потоа следуваа два гола на Пауло Дибала во 26-тата и 58-мата минута од кој првиот од белата точка, а натпреварот го затвори Доуглас Коста во 61-вата исто така од пенал.

Со оглед на тоа што остана уште еден натпревар кој се игра вечерва и во кој Парма ја пречекува Рома на „Енио Тардини“ од 21.15 часот, досега комплетирани се три четвртфинални двојки. Сите натпревари од четвртфиналето се играат на крајот од овој месец.

Четвртфинале:
(21-ви) Наполи - Лацио
(22-ри) Јувентус - Парма/Рома
(28-ми) Милан - Торино
(29-ти) Интер - Фиорентина

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе