Каде е Путин?
Светските лидери не можеа да се фотографираат на конференцијата во Берлин без рускиот претседател.
Светските лидери се собраа во Берлин за мировните преговори за Либија и додека се обидуваа да направат групна фотографија во текот на самитот, фотографирањето за кратко беше одложено бидејќи никој не знаеше каде е рускиот претседател Владимир Путин.
На снимката се гледа како Ангела Меркел со поглед го бара присуството на Путин и ги прашува политичарите каде е рускиот претседател. Кога конечно се појави Путин, на Меркел видливо ѝ олесни.