Кака го одигра последниот натпревар во кариерата, со солзи се збогуваше од фудбалот

Фантастичниот Бразилски фудбалер и член на Орландо Сити синоќа го одигра последниот натпревар во својата кариера.

Во последно време доста се шпекулираше околу неговата иднина, а Кака на крај одлучи дека е време да стави крај и да замине во фудбалска пензија.

Капитенот на Орландо Сити ја предводеше својата екипа во натпреварот против Колумбос Крју, кој го добија со 1:0, а Кака не можеше да ги сокрие емоциите.

„Денес беше посебен ден за мене, цел ден размислував за последните три години и околу тоа што се случи. Денес и се заблагодарувам на сите, на клубот, соиграчите, ќе ми недостигате. Ќе останам Лав засекогаш“, изјави Кака.

Какa има 35 години, кариерата ја започна во Сао Паоло, каде дебитираше за првиот тим. Во 2003 година направи трансфер во Милан каде остана до 2009 година и се стекна со светска фудбалска слава демонстиррајќи ѓи своите вештини и мајстории.

Во 2009 година направи трансфер во Реал, каде остана до 2013 година, за потоа повторно да се врати во својот Милан и остана таму уште една година.

Од тогаш игра за Орландо Сити, а кратко беше на позајмица во Сао Паоло.

Исто така, настапуваше и за младинската и сениорската репрезентација на Бразил.

Со Милан ја освои Серија А, Лигата на шампионите, УЕФА Супер Купот и Светското клупско првенство.

Во Реал исто така освојуваше титули, во 2011 го освои Купот на Кралевите, а Суперкупот и Ла Лига ги освои во 2012 година.

Со репрезентацијата на Бразил го освои Светското првенство во 2002 година.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе