Како би изгледала Земјата кога би можеле да ги видиме стакленичките гасови?

Познато е дека поради активностите на човекот, нивото на јаглерод диоксид во атмосферата се зголемува со рекордна брзина, што придонесува за затоплување на планетата и климатските промени.

 

Но, стакленичките гасови се безбојни, односно не можеме да видиме колку ја покриле и загадиле нашата планета. Можеме само да се обидеме да го замислиме или, како што се обиде НАСА, да ја визуелизираме нивната циркулација низ атмосферата.

НАСА објави три видеа (за три региони во светот) кои покажуваат во кои области се ослободуваат поголемиот дел од стакленички гасови и како се развива или менува процесот во текот на една година. Снимките покажуваат емисии на CO2 во 2021 година, со емисии обоени во портокалова боја за фосилни горива, црвена за согорување на биомаса, зелена за копнените екосистеми и сина за океаните.

 

 
Погледнете како се шират емисиите на фосилни горива како што минуваат месеците

Сините точки покажуваат каде јаглеродот во голема мера се апсорбира во океанот, а зелените точки на копното. Неколку работи на кои треба да внимавате во видеото погоре, како што се жариштата на загадувањето во североисточниот дел на САД и зеленото пулсирање на амазонската прашума додека дрвјата апсорбираат јаглерод во текот на денот, пишува Science Alert.

Гледаме и како портокаловата боја доминира во атмосферата, односно како емисиите на фосилни горива се шират како што поминуваат месеците за на крајот да ја покрие целата планета. Второто видео (подолу) ги прикажува Европа, Блискиот Исток и Африка. Таму можете да видите повисоки концентрации на емисии на фосилни горива кои доаѓаат од европските земји и Саудиска Арабија. Има и помалку забележлив облак од црвени емисии од Африка.

Remote video URL

На третата визуелизација (видео подолу) ги гледаме Азија и Австралија. Овде можеме да забележиме како значителна количина на загадување го затемнува Пекинг во Кина, додека многу ниско ниво на емисии на фосилни горива пристигнува од Австралија, со релативно мала густина на населеност.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе