Како Coupé GR86 на Toyota се покажа на патеката Нирбургринг

За да помине низ познатиот „зелен пекол“ на еден од последните спортски автомобили од старата школа (атмосферски мотор, рачен менувач и погон на задните тркала) му беа потребни 8 минути и 27,270 секунди.

Вистина е дека Coupé GR86 на Toyota не е меѓу најбрзите автомобили кои се соочиле со стоперката на познатата герамнска патека Нирбургринг Нордшлајфе, но во случајов многу поголема тежина има изјавата на Кристиан Гебхарт (новинар и тест-возач на германскиот магазин Sport Auto) кој по „затворањето“ на најбрзиот круг рече дека GR86 спаѓа меѓу најзабавните автомобили кои досега ги возел на Нирбургринг. А, има возено навистина многу.

Управувајќи го еден од последните спортски автомобили од старата школа, кој со себе носи атмосферски boxer мотор, рачен менувач и погон на задните тркала, Гебхарт низ „зелениот пекол“ мина за 8 минути и 27,270 секунди, што е значително подобро од времето кое го оствари моделот од првата генерација (GR86) кому за истиот круг му беа потребни 8 минути и 44,900 секунди.

Remote video URL

За потсетување, GR86 го покренува 2,4-литарски атмосферски 4-цилиндричен boxer мотор на Subaru кој развива 235 коњски сили при 7.400 вртежи во минута и 250 Nm најголем вртежен момент при 3.700 вртежи во минута, што е доволно за забрзување од 0 до 100 километри на час за 6,3 секунди и 225 км/ч.

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Авто новости

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе