Како да го победите уморот при долги возења?

Уморот се смета за една од петте фатални причини за сообраќајни незгоди, одговорна дури за 20 проценти од сите сообраќајни незгоди што се случуваат.

Многу возачи ќе признаат дека барем еднаш во животот се замориле возејќи, и од некоја причина не застанале. Чувството кога очите ви се затвораат на 2 секунди, а вие возите и понатаму, може да ве чини живот!

Нивото на умор е нешто што секој возач мора да го следи за да не се случи да го загрози сопствениот и животот на останатите учесници во сообраќајот. Токму поради тоа, Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со совети како во текот на возењето да останете будни.

РУТА: Доколку тргнувате на долг пат, изберете поинтересна рута. Патувајте по  патишта кои бараат поголема фокусираност, поголема промена на брзината,  повеќе кочење односно патувајте по патишта кои имаат повеќе содржина во возењето.

ПЛАН: Покрај патот, испланирајте и места за застанување. Не претерувајте во желбата одеднаш да поминете што поголема далечина. Доколку патувате во група, бидете свесни дека можеби немаат сите кондиција да издржат како вас и дека паузата некому ќе му  биде од голема полза.

ДОБРО НАСПИЈТЕ СЕ: Ноќта пред да заминете на пат, не останувајте будни до доцна и не претерувајте со алкохол. Исклучително е важно и да не тргнувате премногу рано, доколку не сте доволни одморени.

ВОДА: Пијте повеќе вода. Тоа пред сѐ ќе спречи можност за дехидратација, која може да доведе до вртоглавица, збунетост и слаби моторички способности. Избегнувајте напивки со многу шеќер и алкохол.

ХРАНА: Јадете помалку и избегнувајте „тешка“ храна. Ваквата храна може да го забави вашето тело кое ќе биде концентрирано на варење на храната.

ПАУЗИ: Правете кратки паузи на секои два часа. Долгите паузи се препорачуваат меѓу 15 и 17 часот бидејќи во овој период од денот возачите се повеќе заморени. Најдобро е да го испланирате времето и доколку е можно до  овој период да стигнете до посакуваната дестинација.

ВЕЖБАЊЕ: Размрдајте се во текот на паузата. Обична прошетка ќе биде доволна за тоа.

МУЗИКА: Некои луѓе велат дека слушањето музика во текот на возењето ги успива. Зависи што слушате. Најчесто се препорачува слушање „жива“ музика. Бучавата на ветрот исто така може да го умори возачот. Внимавајте на прозорците.

ГРУПИ: Возете во мала група доколку е тоа возможно. Лесно е да изгубите концентрација кога возите сами.

СВЕЖ ВОЗДУХ:  Пропуштајте свеж воздух и кислород во автомобилот  колку што е можно почесто. Свежиот воздух ве држи будни и концетрирани и ја освежува возачката способност.

ПРЕСТИГНУВАЊЕ: Не се влечете зад други возила. Доколку е безбедно, поминете ги бидејќи престигнувањето ќе ве разбуди. Кога возите долго зад некое друго возило, фокусот на тоа возило може да има хипнотично, приспивно дејство. Но, не мислете дека и возењето со голема брзина може да ве одржи будни. Најдобро е да има рамнотежа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе