Пред неколку дена беше објавено дека апликацијата FaceTime има баг кој ги прислушува корисниците на iPhone. Apple ги презема потребните чекори и најави дека ќе го исправи багот, но во меѓувреме советуваше сите корисници да ја исклучат опцијата која ја предизвикува можноста за прислушување.
Apple веќе ги оневозможи групните повици на FaceTime кај сите корисници на iOS 12, бидејќи токму таа опција овозможува прислушување. Истото треба да го направите и вие, а во продолжение ќе дознаете како.
Компанијата веќе најави дека нова верзија на FaceTime, овојпат без баг, ќе излезе на 3 февруари, но дотогаш вие треба да останете безбедни и заштитени од прислушување. Еве како да ја исклучите апликацијата FaceTime:
- Активирајте ја апликацијата Settings
- Пронајдете ја опцијата FaceTime
- Пристапете во неа и поместете го лизгачот за да ја исклучите апликацијата FaceTime
Кога апдејтот со отстранетиот баг ќе биде достапен, ќе бидете известени преку интернет. Тогаш, симнете го и инсталирајте го новиот апдејт, повторно вклучете ја апликацијата FaceTime и користете го вашиот iPhone уред нормално како и обично.