Како да направите совршени „бесни тестенини“ по италијански рецепт

Италијанските специјалитети се омилени ширум светот поради нивната разноврсност, прилагодливост на речиси секое поднебје, и секако, совршено избалансираниот вкус.

Меѓутоа, Италијанците се особено строги кога станува збор за нивните рецепти и често се бунат и за најмали прилагодувања на рецептите. Тие настојуваат дека специјалитетот мора да се подготвува според начинот на кој готвеле нивните баби.

Тоа важи и за римскиот рецепт за тестенините All'arrabbiata што во буквален превод значи „бесни тестенини“ поради лутите пиперчиња што се главна сотојка на сосот.

Единствената измена што ја „дозволуваат“ Италијанците е да одберете пиперчиња што се лути колку што вие можете да поднесете.

Совршени Penne All'arrabbiata

(за две лица)

2 лажици маслиново масло (и уште малку за финиш)

1 лажица мелена или истолчена сува лута пиперка

2 чешниња лук, ситно сечкани

400 грама квалитетни конзервирани домати, сечкани на коцки

200 грама пене тестенини

¼ лажица црвен вински оцет

Една рака босилек или магдонос

Загрејте го маслото во тавче на средно јак оган и додајте ја лутата пиперка. Кога ќе почне да потемнува, додадете го лукот и пржете додека не ја смсени бојата. Потоа додадете го доматот и посолете и мешајте да се разбијат поголемите парчиња домат.

Крчкајте 15 минути додека во посебно тенџере ги варите тестенините во претходно зовриена и посолена вода. Додека да се сварат „ал денте“, сосот би требало да згусне. Ако ви изгледа премногу густо, додајте малку од водата во која се вареле тестенините.

Додадете го оцетот и зачинете по вкус. Потоа исцедете ги тестенините и додадете ги во сосот. Мешајте на топла рингла додека сосот не се обвие околу секое парче тестенина, а потоа послужете во чинии и попрскајте по малку маслиново масло. Декорирајте со парчиња свеж босилек или магдонос.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Рецепти

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе