Како да отклучите iPhone со препознавање лице кога носите маска?

Имаме добри и лоши вести за луѓето кои го отклучуваат својот iPhone преку опцијата препознавање на лице.

Добрата вест е што сега можете да го отклучите вашиот iPhone на тој начин дури и кога носите маска, а лошото е што не можете да го направите тоа без Apple Watch.

Откако Apple го укина копчето за отпечаток на поновите модели на iPhone, отклучувањето на уредот со помош на препознавање лице стана нов стандард. Но, во време на пандемија и со задолжителното носење заштитни маски ова е отежнато.

Ако имате beta iOS 14.5 на вашиот iPhone, потребен ви е само еден детаљ - Apple Watch со beta watchOS 7.4. Овие верзии на софтверот може да ги имате само ако сте дел од програмата Apple Developer, во спротивно треба да почекате овие ажурирања да станат достапни за јавноста, а засега не знаеме кога тоа ќе се случи. Судејќи според досегашните beta циклуси и јавните софтверски надградби, пред нас се неколку месеци чекање.

Ако ги исполнувате сите овие услови, следете ги овие чекори:

1. Ажурирајте го iOS на вашиот iPhone. Settings > General > Software Update и изберете iOS 14.5. За Apple Watch, имате две опции - можете да ја преземете надградбата од апликацијата Watch на iPhone или директно на Apple Watch.

2. На iPhone, следете го менито Settings > Face ID & Passcode > Unlock with Apple Watch и вклучи ја оваа опција.

Исто така, опцијата за отклучување на мобилниот телефон со код мора да биде вклучена за ова да работи.

3. Отклучете го вашиот iPhone.

Тогаш сè е лесно. Сè додека го носите Apple Watch на раката, iPhone ќе го препознае и ќе го отклучи. Часовникот ќе вибрира и ќе ве извести дека телефонот е отклучен.

За оние кои сметаат дека сето ова е премногу комплицирано и попрво би чекале Apple да понуди поедноставно решение, сè што треба да направат е едноставно да ја исклучат опцијата за отклучување на препознавање лице и да го внесуваат кодот секојпат или да ги отстранат сите пречки при отклучување и едноставно да поминат со прстот преку екранот.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе