Летувајте спокојно

Како да се спасите од брачна расправија за време на одморот?

Со голема желба и нетрпение ги очекуваме годишните одмори.

Ако не сакате да уништите нешто за тие неколку дена уживање, следете ги овие совети. Имајте на ум дека отидовте да уживате, а не да „исправате криви Дрини“.

Одбегнувајте тешки теми

Промената на околината може негативно да влијае на врската. Во текот на работната недела, зборуваме повеќе за работа, додека честопати одморот е време кога разговараме за плановите за животот, преселувањето или воспитувањето деца.

Таквите теми можат да бидат исклучително тешки, можат да предизвикаат негативни емоции, особено ако партнерите не се согласуваат. Најдобро би било да ги одложите за некое друго време и едноставно да се опуштите, советуваат експертите.

Долги редици и гужви

Ново место, странци, долгите редици во продавниците или рестораните предизвикуваат стрес, а луѓето под стрес ги тресат оние кои се физички најблиски до нив. На одмор, тоа е обично партнерот.

Можете да одбегнете непотребна вознемиреност ако се помирите со фактот дека не може секогаш сè да биде совршено. Опуштете се и уживајте во неделата без распоред и обврски.

Грижа за децата

Најдобро е да се согласите кога и како ќе се грижите за децата на одмор пред да заминете на одмор. Ова вклучува подготовка на играчки на плажа, подготвување вечера и слично. Договорот е најважен, ништо не се зема здраво за готово, важно е да му кажете на вашиот партнер што очекувате од него. Колку сте појасни во комуникацијата, толку полесно ќе биде да избегнете непотребни недоразбирања.

Избегнување секс

Покрај релаксацијата, целта на одморот е и уживање, но напорното патување и заморот можат да го расипат. Одбивањето секс првата вечер по пристигнувањето може да му наштети на вашиот партнер, па затоа треба да му кажете јасно дека сè уште го сакате, само дека уморот ве „победил“. Оставете ги жешките игри за следното утро или вечер.

Различни интереси

Разгледување музеи или уживање на плажа? Различните интереси предизвикуваат збунетост, затоа треба да се направи план за нивно помирување. Договорете се со вашиот партнер што е тоа што сакате да го направите, па во зависност од тоа можете да одредите дали ќе одите заедно или секој ќе оди на своја страна.

Исто така, ако сакате вашиот партнер да оди на изложба со вас, многу е важно да објасните колку тоа би ви значело. Паровите честопати грешат кога мислат дека знаат што мисли нивниот партнер, а токму тоа предизвикува многу кавги.

Шопинг и прекумерно трошење

Одењето на одмор е многу скапо задоволство, а прекумерното трошење на сувенири само ја влошува ситуацијата. Кога станува збор за минимални трошоци, најдобро е да попуштите и да избегнете расправија. Препорачливо е да се направи буџет однапред и да се утврди колку пари може да се издвојат за храна, забава или подароци.

реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Љубов и секс

Два знака на почетокот на врската што не треба да ги игнорирате

Read more

Што му предвидува големиот летен љубовен хороскоп на вашиот знак?

Read more

6 митови што прават саботажа на вашиот сексуален живот

Read more

Зошто имаме повеќе секс во лето?

Read more
 

Магазин

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Читај повеќе

Најдобри протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење по 40-тата година

Читај повеќе

Дали имате финансиска траума?

Читај повеќе

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Читај повеќе

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Читај повеќе

Како да препознаете вистински домашен мед?

Читај повеќе
  • play_arrow

Евтина храна што го подобрува здравјето на срцето

Читај повеќе

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Читај повеќе

Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Читај повеќе