УЕФА ЕУРО 2020

Како HITC Sevens го рангираше Ангеловски меѓу селекторите на ЕУРО 2020?

Од англискиот селектор Гарет Саутгејт, до оној на заминување од германската клупа - Јоахим Лев, HITC Sevens направи рангирање на сите селектори кои ќе водат репрезентации на претстојното Европско првенство.

Фото: ФФМ

Од најслаби па до најдобри, HITC Sevens направи сопствено рангирање согласно нивните гледишта за талентот кој го поседува секој селектор, односно кој го покажува преку остварените резултати.

„Без дилема тој е еден од најмалку познатите селектори на ЕУРО 2020, ако не и најнепознатиот. Искуството на Игор Ангеловски е само две години на клупата на клуб од Македонија, кратко асистент во репрезентацијата, и 6 години како селектор“, стои во описот за македонскиот селектор.

„Ангеловски загуби само 16 од 49* натпревари откако е на клупата на Македонија почнувајќи како многу млад селектор во октомври 2015. Ја однесе Македонија на своето прво големо натпреварување, а дури ја победи и Германија на мундијалски квалификациски натпревар пред некој месец“.

*Иако видеото е објавено вчера, два дена после натпреварот со Казахстан, веројатно делот за Ангеловски бил направен уште пред тој натпревар бидејќи таа средба за него беше јубилејна 50-та на клупата на Македонија.

„На Македонија ќе ѝ биде потребно чудо за да ја мине групата, но, во секој случај, момците не би можеле да бидат во повешти раце од оние на Игор Ангеловски“.

Во рангирањето на HITC Sevens пред нашиот Ангеловски се најдоа само големите имиња Фернанду Сантуш (Португалија), Луис Енрике (Шпанија), Роберто Мначини (Италија) и Дидје Дешан (Франција).

Целосната сторија за Ангеловски можете да ја погледнете на следното видео почнувајќи од 19:31:

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе