Како изгледа најдолгата соларна велосипедска патека во светот?

Властите во централната провинција Утрехт во Холандија ја отворија најдолгата соларна велосипедска патека во светот која произведува електрична енергија, поврзувајќи ја одржливата енергија со транспортот со нулта емисија на штетни гасови.

Учениците од локалното основно училиште први се повозија на патеката долга 330 метри, која се наоѓа во селото Маартенсдијк, во близина на Утрехт. Патеката се состои од бетонски блокови покриени со тенок транспарентен слој кој штити и овозможува сончева светлина да навлезе во соларните ќелии вградени во блоковите.

Пилот-проектот има за цел да утврди дали таквите патеки со двојна намена би можеле да се користат пошироко, односно дали може да им служат на велосипедистите и дали може да се користат за производство на електрична енергија од сончева енергија, имајќи предвид дека провинцијата Утрехт сака да ги намали емисиите на јаглерод.

„Многу е важно! Сакаме да бидеме климатски неутрални до 2040 година, затоа мора да се осмелиме да користиме иновации, и ова е многу иновативно. Имаме многу набиена провинција со малку простор, па од таа причина мораме да ја пробаме двојната намена на патеките. Ако можеме да ги искористиме патиштата за производство на енергија, имаме двојна предност“, рече Арне Шадели, провинциски службеник.

Соларната велосипедска патека беше отворена на денот кога Европската Унија претстави сеопфатен сет на закони кои треба да ѝ овозможат да го исполни ветувањето за намалување на емисиите на глобално затоплување за 55 проценти во текот на деценијата, вклучувајќи го и контроверзниот даночен план за странските компании што предизвикуваат загадување.

Соларни велосипедски патеки веќе се користат во други делови на Холандија, но оваа во Утрехт е најдолгата.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе