Како изгледа удар од гром во забавена снимка?
Даниел Гручи и Гевин Фри патуваат низ светот и прават забавени снимки од различни настани, од природни феномени до испалување на тенкови.
Човечкото око забележува дури до 1.000 слики во секунда, но молњата е еден од најбрзите природни феномени. Фри и Гручи успеале да го снимат овој природен феномен со посебни камери кои создаваат од 28.500 до 103.000 сликички во секунда.