Како ќе работат угостителските објекти по олабавување на мерките?

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) подготви прирачник со сет на препораки за организирање на работата на угостителите во услови на пандемија со коронавирусот во пресрет на најавеното укинување на дел од мерките и ограничувањата донесени поради пандемијата со COVID-19 и разгледување на можноста од страна на Комисијата за заразни болести за повторно отворање и работа на угостителските објекти.

Целта е со препораките, како што велат од АХВ, е да им се помогне на операторите со храна кои се занимаваат со угостителство правилно да ја организираат работата во објектите, создавајќи услови преку максимално почитување на мерките за заштита, да се заштити здравјето и на вработените и на гостите, но и да се одржи високо ниво на хигиена во угостителските објекти.

– Според најавата на Комисијата за заразни болести, угостителските објекти како што се рестораните ќе почнат со работа во втората фаза од воведувањето на релаксираните мерки, која согласно трендот на новозаболени од корона вирусот, се очекува да биде после 19 мај. Според стручните лица, со вакви мерки на заштита и претпазливост и во овој дел од стопанството, државава ќе живее во текот на целиот летен период, бидејќи оваа пандемија не е како сите досега познати заразни болести, велат од АХВ.

Од самиот почеток на пандемијата со COVID-19, додаваат, Агенцијата за храна и ветеринарство посветено работи на информирање на сите вклучени чинители во системот на безбедност на храната за мерките заштита и спречување на ширење на вирусот. На интернет страната на АХВ  заинтересираните субјекти и граѓаните можат да ги најдат сите препораки и информации кои се однесуваат на пандемијата и на безбедноста на храната и здравствената заштита на животните.

– Покрај спроведување на темелна дезинфекција на објектите и површините и опремата, пред започнувањето со работа, неминовно е да се изврши и дезинсекција и дератизација во угостителските објекти. Угостителите треба да спроведуваат строги мерки за избегнување на евентуален пренос на инфекцијата меѓу вработените и гостите, пренос на инфекцијата преку контаминиран прибор и опремата која доаѓа во контакт со храната и гостите, како и мерки за избегнување на пренос на инфекцијата при прием на храната и послужувањето на гостите, велат од АХВ.

Примарна останува, потенцираат, примена на мерките за лична заштита како што се носењето на заштитна маска од страна на вработените, одржување на хигиена на рацете, физичко дистанцирање од 1,5 – 2 метри меѓу самите вработени и со гостите, но пред се избегнување на допирање на очите, носот и устата.

– Задолжителна ќе биде дезинфекцијата на рацете и на гостите и на вработените кои тоа треба да го практикуваат почесто, односно во неколку наврати во текот на подготовката и послужувањето на храната. Покрај основната, за вработените треба да се обезбеди и дополнителна заштитна опрема, како што се штитови за лице, водонепропустливи престилки, гумени ракавици и чизми. Во поглед на организирањето на примот на гостите, масата треба да биде максимум за четири гости кои ќе бидат сместени на површина од 10 квадратни метри. Растојанието од задниот дел од столицата до задниот дел од столицата на соседната маса треба да изнесува најмалку еден метар, а гостите да се гледаат едни со други на растојание од најмалку 1,5 метар. Во помалите објекти, треба да се разгледа и можноста за шалтерско послужување, потенцираат од АХВ.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе