Како можете да инсталирате Windows 11 без куп непотребни апликации?

Постарите корисници на Windows се сеќаваат на старите времиња кога Windows доаѓаше до корисничките компјутери „чист“, без куп непотребни апликации.

Со верзијата 11 на Windows, па и со претходните, Microsoft им нуди на корисниците куп апликации од своите „партнери“ во пакет, а ние ви пренесуваме начин како да инсталирате целосно „чист“ Windows 11.

Денес, модерните верзии на системот Windows доаѓаат во комплет со различни апликации од трети страни, кои системот дополнително ги прикачува на менито Start. Имајќи предвид дека верзијата 11 чини 140 евра па нагоре, корисниците треба да можат да изберат што сакаат да се инсталира на нивниот уред. За жал, тоа не е така, па новата инсталација на Windows 11 ќе ви донесе и TikTok, Instagram, Spotify и многу други апликации чии сопственици соработувале со Microsoft за да апликациите автоматски се инсталираат на нови корисници.

Технолошките ентузијасти имаат алатки за „борба“ против обидите на Microsoft да го наполни Windows со непотребен софтвер, но не ви требаат комплицирани скрипти или алатки од трети страни за да добиете чиста инсталација на Windows 11 без TikTok, Instagram, ESPN. Spotify и други програми. Сè што е потребно е едноставно поставување што повеќето корисници го занемаруваат кога првпат инсталираат Windows на нивните уреди.

Како да инсталирате Windows 11 без bloatware?

Bloatware се користи како колоквијално име за апликации што некој ви ги нуди иако не сте се согласиле да ги инсталирате, како што е случајот овде при инсталирање на Windows 11.

Инсталирањето на системот Windows 11 започнува со веќе познатиот екран за поставување, каде што го избирате јазикот, регионалните формати и методите за внесување. За да спречите Windows 11 да повлече куп апликации што не ги сакате, во паѓачкото мени наместо вашиот регион, изберете англиски (светски или европски), потоа форматот на времето и валутата и потоа продолжете со инсталацијата како вообичаено.

Изборот на универзален формат за време и валута може да резултира со неколку грешки при инсталацијата, но игнорирајте ги. Имено, на оперативниот систем ќе му треба малку време да го вчита почетниот екран за избор на регионот, а потоа ќе ја фрли типичната грешка Something went wrong со кодот OOBEREGION. За да го решите проблемот, кликнете Skip, а подоцна може да ги промените регионот и форматите во системските поставки.

Може да наидете на слична грешка во другите чекори, затоа продолжете повторно да притискате Skip или Try again. Конечно, преку екранот за поставки, ќе дојдете на работната површина со Start мени без апликации од трети страни.

Сега можете да отидете во Settings > Time and language > Language and region и да ја поставите вашата земја и регионален формат. Исто така, слободно инсталирајте ги сите достапни системски ажурирања веднаш. На овој начин нема да се инсталира дополнителен софтвер на вашиот компјутер.

Важно е да се напомене дека овој трик не го спречува Windows да инсталира апликации како што се Mail, Calendar, Climpchamp, Edge, Teams, Cortana, Maps, Weather и многу други.

Овој метод не е нов, но неодамна беше популаризиран од познатиот јутјубер ThioJoe.

Remote video URL
Тагови
реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Софтвер

Апликацијата Google Messages достигна милијарда корисници, доби 7 новитети

Read more

Дали ги знаете 10-те најкорисни кратенки во Microsoft Word?

Read more

Microsoft го најави Copilot AI за Windows 10

Read more

Кога вашиот модел на Samsung смартфон ќе добие Android 14?

Read more
 

Гик

WhatsApp додаде опција за таен код за криење разговори

Читај повеќе

Италијанци ќе го градат модулот за живеење на Месечината

Читај повеќе

Апликацијата Google Messages достигна милијарда корисници, доби 7 новитети

Читај повеќе
  • filter

Virgin Atlantic направи историски лет меѓу Лондон и Њујорк користејќи одржливо авионско гориво

Читај повеќе

Со нас се од самиот почеток: Вошките и нивната улога во проучувањето на миграциите на луѓето

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Читај повеќе
  • filter

Европски божикни базари со најдолга и најинтересна традиција

Читај повеќе

Новооткриени сидра на брегот на Сицилија даваат нов увид во архајскиот период

Читај повеќе

Увери се во револуционерна елеганција во производството на Vivax 4K QLED Android TV

Читај повеќе