Како настанал Млечниот Пат?

Галактичкиот „ореол“ со големина на 600 милиони Сонца околу Млечниот Пат, во кој спаѓа и Земјата, главно е составен од остатоци од голем судар со друга галаксија што се случил пред 10 милијарди години, соопшти вчера група научници.

Астрономите долго време се обидуваа да утврдат дали Млечниот Пат се „здебелил“ од неколку судари со „помали“ галаксии или пораснал после сударот со само една, голема галаксија.

За да ги проверат разните теории за тоа, астрономите анализираа податоци што ги собра Европскиот вселенски телескоп Gea што Европската вселенска агенција го лансираше во 2013 година во орбитата околу Земјата.

Телескопот-сателит направи тридимензионална мапа на скоро 1,7 милијарди ѕвезди во галаксијата Млечен Пат, од кои за многу беше возможно да се одреди оддалеченоста од Земјата.

„Не очекувавме дека поголемиот дел од ѕвездите што го сочинуваат ‘ореолот’ ќе имаат заедничко потекло“, изјави Амна Хелми, астроном од Универзитетот во Гронинген во Холандија, коавторка на студијата објавена вчера во магазинот Nature. Сепак, се покажа дека ѕвездите формираат „прилично хомогена група“.

Покрај ова, „нивниот хемиски потпис јасно се разликува од првобитните ѕвезди на Млечниот Пат“, додава таа.

Истражувачите успеаја во три димензии да го реконструираат доаѓањето на тие ѕвезди низ времето.

„Овие видеозаписи (реконструкции) им овозможуваат на астрономите да проучат како се формирала нашата галаксија и како се развивала понатаму“, пишува во нејзиниот коментар Ким Вен, астроном од Универзитетот во Викторија во Канада.

Хелми и нејзините колеги успеаја да утврдат дека сударот со друга галаксија се случил пред 10 милијарди години, околу 3,8 миијарди години по Големата експлозија (The Big Bang).

Тимот ја нарече таа галаксија Геа-Енкелад по телескопот Gea и џинот Енкелад од грчката митологија, кој според античките преданија, како поразен во една борба на џиновите бил затрупан под вулканот Етна на Сицилија, од каде и денес се обидува да излезе и со неговите движења предизвикува земјотреси.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе