Како Нејмар помогна да му се намали казната на Дани Алвес?

Бразилскиот фудбалер Дани Алвес (40) беше осуден на четири и пол години затвор за сексуален напад во Барселона на 30 декември 2022 година, а доби полесна казна благодарение на Нејмар и неговото семејство.

Шпанското обвинителство побара девет години затвор, а приватно 12 години. Но, казната е намалена, бидејќи била применета олеснителна околност на штета, со оглед на тоа што на оштетената пред судењето ѝ биле исплатени 150.000 евра.

Според неколку бразилски медиуми, Алвес ја платил таа сума по барање на шпанскиот суд, со помош на семејството на Нејмар. И не само тоа, туку бразилските медиуми тврдат дека семејството на Нејмар го позајмило и Густаво Ксист, еден од најстарите адвокати на компаниите на таткото на Нејмар, кој го застапувал Алвес за време на судењето.

URL

Според обвиненијата, Алвес сексуално нападнал девојка во ноќниот клуб Sutton во Барселона ноќта меѓу 30 и 31 декември 2022 година. Од 20 јануари 2023 година, фудбалерот е во превентивен притвор, а условниот отпуст во неколку наврати му беше одбиен поради големиот ризик од бегство бидејќи Бразил нема договор за екстрадиција.

Пред судот сведочеа и жртвата, нејзин роднина, пријатели, портирот на ноќниот клуб и двајца келнери. Гласот на жртвата бил изменет за да се спречи нејзиното идентификување, а на крајот Алвес бил прогласен за виновен.

Обвинителството побара максимална казна од 12 години, а освен тоа одбраната како олеснително го наведе фактот дека Бразилецот бил пијан.

Алвеш доби забрана да се приближува и да комуницира со жртвата во следните 9 години и 6 месеци, а ќе биде под дополнителен надзор во следните пет години.

По оваа судска одлука, одбраната на бразилскиот фудбалер сепак може да се жали до Високиот суд на Каталонија, а после тоа, дури и ако пресудата остане неповолна за Врховниот суд, тие веќе го најавија тој чекор.

Алвес е меѓу најуспешните фудбалери во историјата и некогаш беше проценет на околу 47 милиони фунти, но сега се наведува дека е во финансиска пропаст.

40-годишникот негира дека сторил нешто лошо во врска со инцидентот во ноќниот клуб и одлуката за неговата пресуда за вина може да се обжали.

Случајот Алвес беше првото сексуално злосторство од висок профил откако Шпанија го преуреди своето законодавство во 2022 година за да стане согласноста - или немањето согласност – централна за дефинирање на сексуалниот криминал.

Тој стапи на сила како одговор на протестите по случајот со групно силување за време на фестивалот Сан Фермин во Памплона во 2016 година.

реклама
Чорба со пилешко и кнедли

Рецепт на денот: Чорба со пилешко и кнедли

Read more

Решена е вековната мистерија за националноста на Кристофер Колумбо

Read more

Се шират снимки од грозоморно руско „човечко сафари“: Ловат цивили со дронови

Read more

Силен земјотрес ја погоди Турција

Read more

Фудбал

Со Реал освои две титули, а сега го презеде клубот во кој ја започна кариерата

Read more

Фудбалска Европа го крева гласот против ФИФА

Read more

Инсајдер во Реал: Модриќ сака да игра на СП 2026

Read more

Каков ферплеј: Барса должи пари, а носи нови играчи

Read more
 

Спорт

Со Реал освои две титули, а сега го презеде клубот во кој ја започна кариерата

Читај повеќе

Фудбалска Европа го крева гласот против ФИФА

Читај повеќе

Инсајдер во Реал: Модриќ сака да игра на СП 2026

Читај повеќе

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Читај повеќе

Каков ферплеј: Барса должи пари, а носи нови играчи

Читај повеќе

Реал подготвува нов мегатрансфер  

Читај повеќе

Како Меси уште зема плата од Барса?

Читај повеќе

Јуве подготвува нов договор за Влаховиќ

Читај повеќе

Германците жестоки: Дали Клоп се продаде?

Читај повеќе