Како несвесно си го претворате бракот во пекол?

Се чини дека кога ќе се појават проблеми во бракот, таа прекрасна идеја дека ќе живеете среќно до крајот на животот со вашата сакана личност засекогаш паѓа во вода. Секако, никој од нас не сака да се најде во таков брак, но малкумина знаат до какви проблеми доведуваат овие негативни чувства и затегнувањето на односите меѓу партнерите.

Одредени облици на однесување, кои всушност се форма на емоционална злоупотреба, може да предизвикаат голема штета на бракот. Кога луѓето размислуваат за однесување кое може да го наруши бракот, повеќето имаат тенденција да се фокусираат на работи кои имаат висока цена, како што се неверство, финансиски проблеми, физичко малтретирање и слично. Но, иако овие работи несомнено ја уништуваат основата на бракот, постојат и други навидум занемарливи однесувања кои можат бракот да го претворат во пекол.

Редовно игнорирање на партнерот

Бракот е изграден врз основа на добра комуникација. Продуктивните разговори се неопходни за одржување на силна емоционална врска. Меѓутоа, ако една личност во бракот постојано ја игнорира другата или се однесува како да има поважни обврски од тоа да го слуша партнерот, во таква врска лесно може да се појави презир. Гледањето во екранот на телефонот додека вашиот партнер разговара со вас е класичен пример за ваквото однесување.

Не обрнувате внимание на говорот на телото

Говорот на телото кажува многу за поединецот. Веројатно не сте ни свесни дека го саботирате вашиот брак со тоа што често кревате раменици кога партнерот ќе ве праша нешто, прекрстувајќи ги рацете или превртувајќи ги очите. Кога заземате одбранбен став, можеби мислите дека е помалку штетно отколку кога отворено не се согласувате со нешто. Сепак, навистина не е така. На овој начин му кажувате на вашиот партнер дека не сте отворени за неговите предлози и забелешки.

Заборавате на интимноста

Како што животот станува сè позафатен и позафатен, наоѓањето време за интимност навистина станува сè потешко и потешко. Иако никој не негира дека сте навистина уморни на крајот од денот, навистина е важно да одвоите барем малку време за вашиот партнер откако ќе ги легнете децата. Интимноста, без разлика дали е физичка, емоционална или интелектуална, е она што ја прави разликата во бракот. Во спротивно, ќе живеете механички и досадно од ден на ден, правејќи ги истите работи со години, додека едно утро не се разбудите покрај апсолутен странец.

Заборавате да изразите благодарност

Веројатно на почетокот на бракот не сте прескокнале да му се заблагодарите на партнерот и за најмалата работа. Тоа е нормално, бидејќи сте биле фокусирани само на вас двајцата. Со текот на времето, сите ние имаме тенденција да ги земаме постапките и напорите на саканата личност здраво за готово. Како резултат на тоа, изразите на благодарност стануваат сè поретки, додека во еден момент целосно не исчезнат. Иако можеби сте немале намера да му се заблагодарите на вашиот партнер за секојдневните напори, без благодарност вашиот брак ќе биде на многу нестабилна основа.

Запаѓање во рутина

Иако рутината не е секогаш зло, таа навистина може да биде фатална за бракот. Кога заглавувате во рутина и не се мачите да правите нешто што може да ви го промени секојдневието, го осудувате вашиот брак да страда во тишина. Истите денови кои се повторуваат бескрајно, без желба за промени, авантура или нешто што може да ја разниша монотонијата, може само да доведат до распаѓање на бракот.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе