Како пропадна Борис Бекер?

Скапиот развод, погрешните деловни потези и животот на висока нога, ја уништија тениската легенда.

Германскиот Шпигел открива како поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ, славниот тенисер Борис бекер, дојде до финансиска пропаст која ја изненади јавноста.

Лондонскиот суд во јуни прогласи банкрот на Бекер, бидејќи две години не го вратил кредитот на една британска банка. Според пишувањето на британскиот Телеграф, банката Арбутнот Латам го тужела Бекер кој не вратил кредит од дури 3,5 милиони евра.

Оваа вест ја шокираше Германија, па колумнистот на Билд, Франц Јозеф Вагнер, напиша дека гледањето на пропаста на Бекер е „болно за гледање и пишување” и го нарече неговиот живот „уништена бајка”.

„Човекот кого го бакнаа боговите сега живее на висока нога, иако за тоа нема можности, неговото некогаш младо лице е надуено и гледаме човек кој си го уништи статусот”, напиша тој.

Минатата недела, во јавноста излезе и неговиот поранешен бизнис партнер Ханс-Дитер Клевен, барајќи од Бекер да му ја врати астрономската сума од дури 36,5 милиони евра кои му ги позајмил за заеднички бизнис проект.

Бекер инвестирал во индустријата за гас и нафта во Нигерија, но и на јавната сцена се позиционирал како некој кој на поединци може да им пружи можности или помош околу бизнис проекти.

Од сопругата, манекенката Барбара Фелтус, се разведе по скандалот околу прељубата со руската манекенка Ангела Ермакова. Разводот го чинеше 20 милиони евра, а уште неколку милиони евра и кешираше на Ермакова која му роди вонбрачно дете.

Пред 15 години, германските власти го обвинија за затајување на околу два милиони евра данок, бидејќи тврдеше дека живее во Монако, а цело време живеел во Германија. Се обидоа да го затворат, но се извлече со парична и условна казна.

Спортски портал, органски ресторан, деловно-станбен облакодер во Дубаи кој требаше да го носи неговото име, ова се проектите кои Бекер ги започна, но никогаш не ги заврши или завршија неславно.

Пред пет години, неподмирените обврски кон добавувачите го чинеа имотот во Шпанија, комплекс кој опфаќа луксузна вила, терени за тенис и кошарка, базен и овоштарник.

А Бекер? Вели дека воопшто не банкротирал и дека може да си ги подмири сите свои финансиски обврски.

реклама

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Read more

Американците распределија ракетни системи што може да досегнат до Москва

Read more

Локално невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во наредните денови

Read more

Шефицата на AfD: Има премногу доселеници кои само го користат германскиот систем за социјална помош

Read more

Тенис

Сабаленка за само 53 минути стигна до третото коло на УС Опен, па „распали“ на прес-конференција

Read more

Венус Вилијамс го заврши настапот на УС Опен со пораз во првото коло 

Read more

Ѓоковиќ за прв пат елиминиран во првото коло на УС Опен: Повраќаше, плачеше и се повреди

Read more

Мухова и Меншик победија во мешани двојки на УС опен

Read more

Спорт

Почнува Лигата на шампиони: Вечерва големо дерби, ќе се игра и в четврток

Читај повеќе

Верувале или не: Гатузо со Лацио има совршен почеток во Серија А

Читај повеќе

Избраниот тргнува во потрага по единственото нешто што му избега

Читај повеќе

Мбапе: Секогаш се чувствувам како да сум најдобар во светот

Читај повеќе

Незамислива промена се случи во германската Бундеслига

Читај повеќе

ФИФА потврди: Инфантино ќе биде кандидат за реизбор

Читај повеќе

Барса руши сè пред себе; Флик: Можеме и подобро од ова

Читај повеќе

Реал Мадрид десеткуван пред средбата со Интер

Читај повеќе

Меси и Роналдо ќе заиграат заедно?

Читај повеќе