Како Тотенхем ги прекрши сите свои правила за да го донесе Перишиќ?

Иван Перишиќ се очекува во следните неколку часа и официјално да биде претставен како нов играч на Тотенхем.

Хрватскиот репрезентативец, кој има одлична сезона во Интер, во 33-тата година од животот ќе игра во уште една од петте најсилни лиги, по Франција (Сошо), Германија (Борусија Дортмунд) и Италија.

Перишиќ доаѓа во клуб чиј тренер е Антонио Конте. Со италијанскиот стручњак работеше во миланскиот клуб, додека сега треба да стане едно од предвидените 6-7 засилувања на англискиот премиерлигаш.

Sky истакнува дека Тотенхем сака да доведе голман, стопер, крилен напаѓач, играч од средниот ред и напаѓач. Конте го стави Перишиќ на позиција бек во Интер во формација 3-5-2.

Новинарот на Sky, Лајал Томас објасни зошто Тотенхем го носи Перишиќ.

„Тотенхем ретко купува играчи над 30 години, но кога станува збор за слободен играч, има смисла. Пред сè, Конте го сака затоа што соработуваа во Интер, па ова е одлична можност да се покаже дека раководството на клубот го поддржува тренерот“, пишува Sky.

URL

„Перишиќ е победник“

„Од фудбалска гледна точка, тоа има уште повеќе смисла. Перишиќ е искусен, на врвот на кариерата. Тој е победник. Лани ја освои Лигата на шампионите со Баерн и Серија А со Интер. И покрај неговата возраст, тој игра феноменално.Може да се користи на повеќе позиции. Конте го претвори во лев бек, но може да се натпреварува со Сон и Дејан Кулушевски на поофанзивни позиции.

Конте сака да додаде искусни играчи за да го направи Тотенхем конкурентен во сите натпреварувања следната сезона, а Перишиќ ќе му го донесе тоа“, заклучува Sky.

Да потсетиме, Конте доби дополнителни пари од сопственикот на клубот, кои ќе ги искористи за доведување на нови играчи.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе