Мари Софи Арви, канадска пливачка, објави дека некој ја дрогирал за време на последната вечер на Светското првенство во пливање во Будимпешта, Унгарија.
Канаѓанката излегла со своите девет другарки од канадсклата репрезентација и вели дека не се сеќава на ништо во период од шест часа.
„Некој ме дрогираше. Не знам како супстанцијата влезе во моето тело, но се сеќавам дека следното утро се разбудив целосно изгубена. До мене беше доктор и членови на управата. Буквално имам дупка во меморијата“, истакна Арви.
Во целиот случај се вклучи и ФИНА и најави покренување независна истрага.
„Едноставно е неверојатно да се случуваат вакви работи. Сите кои учествуваа во ова ќе бидат најстрого казнети“, соопштија од светската куќа на водните спортови.